Македонија
Студентскиот билет за бесплатен јавен превоз ќе важи до крајот на февруари
Годишниот студентски билет за бесплатно користење јавен превоз ќе важи до крајот на февруари 2021 година. ЈСП информира дека ќе излезе во пресрет на барањето на УСС (Универзитетско студентско собрание) при УКИМ, кое побара продолжување на рокот со оглед на актуелната ситуација со Ковид-19, која на значителен број студенти на одредени факултети предизвикува потешкотии при обезбедување на потребната документација за продолжување на важноста на билетот.
„ЈСП Скопје апелира до сите студенти, корисници на билетот за бесплатно користење на јавен превоз, навремено да ја обезбедат потребната документација за да го испочитуваат дадениот продолжен рок за продолжување на важноста на билетот. Право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.
Важноста на билетот се продолжува секоја учебна година, при што на студентите кои првпат запишуваат прва година и обезбедуваат (вадат) бесплатен билет, неговата важност автоматски е до крајот на наредната календарска година. Останатите студенти важноста на билетот ја продолжуваат со потврда за редовен студент и заверен зимски семестар“, се вели во соопштението.
ЈСП Скопје, поради Ковид-19, а токму со цел да се избегнат поголеми групирања, метеж на локациите каде се продолжува важноста на студентскиот и друг тип билети, овозможи продолжувањето да започне речиси два месеца порано од вообичаеното. Продолжувањето на важноста на билетот се врши во центрите за персонализација на ЈСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода дел од општина Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре:
· Поради изведување на водоводен приклучк на водоводна мрежа со пречник од ф-200мм на улицата Радишанска, крак – 4 (Бел Камен), од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и населба Кучевишка Бара, општина Бутел.
Македонија
АД МЕПСО го рестартира стратешкиот проект: Избран изведувач за изградба на 𝟦𝟢𝟢 ᴋᴠ интерконекција Битола – Елбасан
АД МЕПСО информира за успешното завршување на постапката за избор на најповолен понудувач за проектот од највисок стратешки интерес, изградбата на 400-киловолтната интерконекција Битола – Елбасан (Компонента 1: ДВ од ТС Битола 2 преку ТС Охрид до македонско-албанската граница).

„Со овој чекор, компанијата официјално го рестартира проектот кој ќе ја воспостави клучната енергетска поврзаност помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.
По спроведената меѓународна постапка преку системот за е-набавки на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), отворен на 25.04.2025 година, и по детална евалуација на пристигнатите понуди, како најповолен понудувач е избран меѓународниот конзорциум предводен од DALEKOVOD d.d. од Хрватска.
Вкупната вредност на прифатената понуда изнесува 19.696.200,85 евра“, извести АД МЕПСО.

„Целата постапка беше водена согласно строгите политики за набавки на ЕБРД, што претставува гарант за транспарентност и објективност.
Овој избор доаѓа по стратешки неопходната одлука на раководството за раскинување на претходниот договор кој го компромитираше и одолговлечи проектот. Таа постапка беше водена строго според меѓународните ФИДИК (FIDIC) стандарди.
Во насока на заштита на државниот интерес и финансиска ефикасност, АД МЕПСО обезбеди континуитет на инвестицијата: 51,2% од потребната опрема е веќе испорачана од претходниот изведувач, истата е во сопственост на МЕПСО и ќе биде вградена од страна на новоизбраниот изведувач, со што се спречи финансиска штета по компанијата.

Со потпишувањето на Договорот ќе започне реализацијата на работите со рок на извршување од 900 дена (30 месеци).
Реализацијата на овој проект го затвора единствениот отворен крак во нашиот преносен систем, овозможувајќи комплетирање на регионалниот енергетски Коридор 8 и значајно подобрување на напонските прилики во југозападниот дел на земјата.
АД МЕПСО останува посветен на транспарентно, отчетно и ефикасно спроведување на капиталните проекти од витален интерес за енергетската стабилност на државата“, соопштуваат од АД МЕПСО.
Македонија
Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води АВМУ и во наредните пет години
Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако ја обезбеди поддршката од Советот на АВМУ за продолжување на својот мандат.
„На денешната 26-та седница, Советот на Агенцијата одлучи во наредниот петгодишен период Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја води д-р Зоран Трајчевски“, соопштија од АВМУ.

