Македонија
Нови 536 случаи на Ковид-19, починаа 15 лицa
Во последните 24 часа се направени 1.662 тестирања, а регистрирани се 536 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-213, Куманово-18, Дебар-13, Штип-13, Прилеп-37, Тетово-30, Струга-23, Велес-17, Битола-29, Охрид-18, Кавадарци-23, Гостивар-13, Гевгелија-7, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-6, Кичево-2, Ресен-5, Неготино-11.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 741 оздравен пациент, и тоа од: Скопје-248, Куманово-83, Дебар-7, Штип-28, Прилеп-50, Тетово-30, Струга-32, Велес-17, Битола-25, Охрид-30, Кавадарци-41, Гостивар-27, Гевгелија-12, Струмица-20, Радовиш-12, Крушево-1, Кочани-24, Пробиштип-1,Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Валандово-7, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-17, Ресен-4 и Неготино-7.
Починати се 15 лица – шест пациенти од Скопје (73, 40, 70, 84, 72 и 62), двајца од Куманово (66 и 64), двајца од Тетово (68 и 75), еден пациент од Охрид (64), двајца од Струмица (69 и 69), еден од Кочани (68) и еден пациент од Пехчево (67). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.329, бројката на оздравени пациенти е 61.447, на починати е 2.503, а бројот на активни случаи изнесува 19.379. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 35.961, активни 11.333
• Куманово 4.743, активни 537
• Дебар 630, активни 115
• Штип 3.304, активни 243
• Прилеп 4.231, активни 553
• Тетово 4.765, активни 847
• Струга 2.039, активни 322
• Велес 2.767, активни 482
• Битола 3.037, активни 546
• Охрид 2.423, активни 576
• Кавадарци 2.121, активни 543
• Гостивар 3.381, активни 548
• Гевгелија 1.166, активни 291 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 199 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.306, активни 604
• Крива Паланка 625, активни 126
• Радовиш 621, активни 111
• Крушево 166, активни 73
• Кочани 1.594, активни 216
• Пробиштип 447, активни 44
• Демир Хисар 235, активни 38
• Македонски Брод 218, активни 26
• Пехчево 155, активни 31
• Берово 500, активни 52
• Валандово 313, активни 62
• Виница 445, активни 60
• Делчево 671, активни 207 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 193, активни 17
• Свети Николе 1.042, активни 100
• Кичево 1.568, активни 219
• Ресен 644, активни 140
• Неготино 1.018, активни 317 (159 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.662 теста се преку: ИЈЗ – 210, ЦЈЗ Скопје – 75, „Авицена“ – 195, „Биотек“ – 140, МАНУ – 108, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 99, „Систина“ со PCR-метода – 144, лабораторија „Лаор“ – 24, Судска медицина – 9, ЦЈЗ Битола – 4, Инфективна клиника – 3, ГАК – 12, „Синлаб“ – 23, „Ремедика“ – 9, лабораторија во болницата во Козле – 20, ЈЗУ (рапид-тест) – 584, УК Пулмологија со алергологија – 3, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 400.825 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Четириесет дена откако почина Панчо од „ДНК“, колегите од македонската сцена со трогателни пораки
Четириесет дена по смртта на Владимир Блажев, познат на јавноста како Панчо од хип-хоп дуото „ДНК“, социјалните мрежи повторно се исполнети со неговото име. Колегите, пријателите и неговите најблиски денеска споделија спомени, фотографии и емотивни пораки, покажувајќи колку силна празнина остави неговото заминување.
Една од најемотивните објави дојде од пејачката Ана Костадиновска, која долги години беше дел од придружните вокали на ДНК. Таа на Инстаграм сподели неколку заеднички моменти со Панчо, придружени со кратка, но искрена порака што допре многумина: „40 дена. Недостасуваш… Многу!“.
Фотoгрaфиите покажуваат сцени од настапи, патувања и задкулисни моменти – сведоштво за една силна професионална и пријателска врска.
Своја приказна сподели и Елена Ристеска. Таа објави стара фотографија од нивната прва успешна соработка, кога во 2016 година заедно освоија три награди на Македонскиот радиски фестивал – МАРС.
Пејачката Теа Трајковска, која исто така имала свои проекти со ДНК, сподели фотографија со Панчо, со кратка порака дека спомените вечно ќе останат живи.
Панчо, кој трагично ги загуби битките со тешките повреди по пожарот во дискотеката „Пулс“, останува силно присутен меѓу неговите колеги. Тој почина по тешка борба во болница со повредите кои ги доби во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Македонија
700 наместо 200 луѓе на концертот на Аца Лукас , СДСМ бара истрага и одговорност
СДСМ реагира поради приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас, потенцирајќи дека на концертот имало преку 700 посетители во локал кој по закон не смее да прими ниту 200 лица. Според партијата, ова покажува дека и полицијата на Тошковски и општината на Митко Јанчев биле запознати со настанот, знаеле дека нема безбедносни услови за негово одржување, но не презеле ништо, дозволувајќи концертот да се случи, кој бил прекинат дури во текот на настанот.
Од СДСМ поставуваат повеќе прашања до надлежните: зошто настанот воопшто бил дозволен и биле пуштени 700 луѓе во ризик, зошто организаторите и сопственикот на локалот не се повикани на одговорност, дали дискотеката ги запазила сите прописи, и дали МВР не повторува ризични практики како во Кочани.
Според информации, полицијата го прекинала настанот дури после полноќ, во 00:10 часот, откако локалот со часови бил преполн.
СДСМ бара итна истрага и санкционирање на сите кои дозволиле да се одржи настанот, од МВР до организацијата, со повик до министерот Тошковски да излезе со одговорност.
Македонија
Владата ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу скандалот со ИПАРД програмата.
-Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни, изјави на денешната прес-конференција портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарски прашања.
Таа дополни дека очекува Министерството за земјоделство и сите надлежни институции, вклучително и судските органи кои постапуваат надвор од извршната власт, да ги дадат своите информации за состојбите.
Портпартолката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција обвини дека „две недели по скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Цветан Трипуновски бега од одговорност, од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори“.
Средствата од ИПАРД 3 програмата (2021–2027) во Македонија се привремено суспендирани поради проблеми и сомнежи околу работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, што предизвика прекин на исплатите како превентивна мерка за заштита на европските фондови.

