Македонија
Утре сончево време со температура до 14 степени

Времето утре ќе биде сончево, претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, а попладне со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места на запад врнежи од снег, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје сончево, наутро со услови за слаба магла во делови од котлината. Попладне со мала до умерена облачност и со умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 11 степени.
Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.