Црна хроника
Тинејџер нападнат со нож во парк во Драчево

Седумнаесетгодишно момче било прободено со нож во парк во Драчево.
Според информациите на МВР, вчера С.Ѓ.(28) од Скопје пријавил дека околу 23.40 часот во парк во населбата Драчево, неговиот 17-годишен внук бил физички нападнат од две лица, од кои едното од нив употребило остар предмет, нанесувајќи му убодна рана во ногата.
Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пијан струмичанец со нож нападнал полицајци: бил запрен поради брзо возење

Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 21.30 часот на ул.„Крушевска Република“ го лишиле од слобода Т.А.(41) од Струмица затоа што се обидел да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Тој претходно бил забележан од полициски службеници како со голема брзина и небезбедно управува возило комбе „мерцедес“, а откако бил запрен било констатирано дека возилото го управува со истечена регистрација.
Додека, по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,96 промили алкохол во крвта.
Откако бил известен дека ќе му биде одземено возилото, тој почнал да удира по возилото и од него извадил нож со кој се обидел да ги нападне полициските службеници.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат маж пронајден во неговиот дом во Скопје

Вчера во 12.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бутел во Скопје бил пронајден починат Л.М.(77) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсен крадец во Кавадарци, крадел по куќи, цркви и болница

Полицијата до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи за сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“.
Според информациите на МВР, во периодот од ноември 2024 година до мај 2025 година, тој со употреба на сила и подесен алат од семејни домови, од Општа болница Кавадарци и од верски објект во Росоман одзел различни предмети.
На 06.05.2025 во 07.00 часот на улица „Зелен пазар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода, а од Основен суд Кавадарци изречена му е мерка притвор и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката.