Забава
Оригиналната екипа се враќа во „Смртоносно оружје 5“
И покрај тоа што има 90 години, Ричард Донер ќе ја земе режисерската палка за петтиот дел на популарниот акционен серијал „Смртоносно оружје“.
Со Мел Гибсон и Дени Гловер во главните улоги, „Смртоносно оружје 5“ ќе ја има оригиналната екипа, која повторно се обединува, откако го почнаа серијалот уште во 1987 година.
Иако Донер беше на чело на целата франшиза, неговото последно издание, Lethal Weapon 4, не ја погоди целта. Со заработка на филмот од 285 милиони долари (376 милиони долари пред даночење) на киноблагајните, а со буџет од 150 милиони долари, не се смета за враќање на инвестицијата што Холивуд ја очекува.
Во интервју за „Телеграф“, Донер потврдува дека „Смртоносно оружје 5“ ќе биде последен дел. Со оглед на моментната клима кога станува збор за расположението кон полицијата, особено во САД, останува да видиме како ќе помине жанрот „другар полицаец“, коментира весникот.
А во врска со продукцијата на Дени Гловер, кој го играше детективот Роџер Муртаг во филмовите, тој за „Варајети“ изјави дека сценариото одекнува со актуелните настани: Открив дека дејството има многу силна важност за некои работи што се случуваат денес.
„Би било интересно да се види како го сфаќаме ова во политичката рамка во која се наоѓаме, економската рамка во која се наоѓаме. И особено оваа рамка контра заедниците погодени од полициско насилство, полициските стандарди и моќта што тие ја наметнуваат“, вели актерот.
„Смртоносно оружје 5“ ќе биде во продукција на Дан Лин, кој беше извршен продуцент на телевизиската адапатација на популарниот акционен серијал.

„Смртоносно оружје“ излезе во 1987 година и ги следеше авантурите на детективското дуо Мартин Ригс (Гибсон) и Роџер Муртаг (Гловер).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

