Економија
Бачовски: Со средствата од ИПАРД ќе бидат одобрени 350 проекти за модернизација на земјоделски стопанства

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите апликанти што во текот на 2020 година се пријавија за добивање финансиска поддршка преку ИПАРД 2-програмата, поточно преку мерката 1: „Инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства“, дека во финална фаза е обработката на барањата што пристигнаа и беа комплетни на овој повик. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека се очекува да се одобрат над 350 соодветни барања, а апликантите во наредниот период ќе бидат повикани за да ги потпишат договорите.
„Вкупната финансиска поддршка за сите над 350 барања изнесува 9,2 милиони евра. Со потпишуваање на овие договори, целосно ќе биде искористен буџетот за мерката 1 ‘Инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства’, кои беа одобрени со програмскиот опериод 2014 – 2020, односно ќе се преземат финансиски обврски за сите расположиви средства од оваа мерка“, истакна директорот Бачовски.
Преку оваа мерка се реализираат инвестиции што се однесуваат на следните приоритетните сектори: растително, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.
Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратен грант во износ од: 60 % од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65 % за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70 % за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Ивановски: Сега е моментот Македонија да ја позиционираме на мапата на товарниот железнички транспорт

Изградбата на брза пруга на коридор 10 како дел од договорите со Обединетото Кралство е фокус проект со кој Македонија ќе се позиционира како главен транзитен пат на железничкиот транспорт од грчките пристаништа до европските дестинации, истакна на денешната прес-конфереција директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски.
Покрај реконструкцијата на постоечката пруга, предвидено е да се изгради нова пруга и долж Коридорот 10 да има двоколосечна пруга која значително ќе го забрза транзитот на карго превоз и на патници.
„За таа цел ќе се изработи проектна задача за целосна реконструкција на постоечката траса и кревање на брзината до 160км/ч и онаму каде што има можности и над оваа брзина за патничкиот сообраќај, а до 120км на час на товарниот сообраќај.
Паралелно со оваа постоечка траса ќе се изгради една целосно нова пруга. Значи ќе имаме 2 колосека. И за двете пруги ќе се трудиме секаде каде што има кривини согласно можностите максимално да се исправат и да се намали должината на пругата. Од голема важност е што при целата градежна активност ќе биде опфатена и изградбата на пругата со која ќе се поврзе, железничката станица во Скопје со Аеродромот во Петровец”, изјави Ивановски.
Предвидено е пругата да се гради по принципот на проектирање и изградба, односно изведувачот во исто време да проектира и да гради.
„Пругата ќе биде целосно електрифицирана со современи системи за сигнализација и контрола на сообраќајот по стандардот ETCS (European Train control system ) со особен акцент на безбедноста на патниците и на патните премини долж Коридорот 10, за кои што ќе се трудиме сериозно да го намалиме нивниот број. Рокот во кој ќе очекуваме градежните работи да бидат завршени се 5 години. Овој рок ќе биде накнадно прецизиран но ова е временската рамка на очекувања”, додаде Ивановски.
Тој најави дека паралелно со изградбата на пругата, ќе се реконструира и железничката станица во Скопје, како и изградба на пруга до Меѓународниот аеродром Скопје.
Економија
Нови цени на горивата

Нови цена на горивата ќе има од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за два денари, дизелот за половина денар.
Од 20.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,808 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 4,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,279 ден/кг и сега ќе изнесува 36,808 ден/кг.
Економија
Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.
Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.
„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.
Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.
Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.