Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со дозите со кои се фали Филипче може да се вакцинира само град колку Злетово
Филипче гадно доцни со вакцините, а се фали со дози со кои може да се вакцинира само град колку Злетово, нека види кај соседите што значи план, реагира ВМРО-ДПМНЕ по информацијата дека првите 5.850 дози од вакцината на „Фајзер“ ќе стигнат во февруари, а договорени се вкупно 800.000 дози во текот на годината.
Според ВМРО-ДПМНЕ, информацијата следува со недозволиво доцнење и станува збор за многу мала доза на вакцини.
„Ова е доволно да се вакцинира приближно само еден град колку Злетово, кој брои помалку од три илјади жители. Филипче продолжува со некакви полуинформации дека во директни преговори се обезбедени 800.000 дози за цела 2021. Детали за тоа кога и колку вакцини ќе стигнат нема“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата нагласува и дека додека кај нас Филипче вели оти динамиката дополнително ќе ја утврдува, регионот и земјите од ЕУ имаат многу јасна слика или детален план.
„Грција во првата тура доби 9.750 вакцини за веднаш следната тура на вакцини од ‘Фајзер’ да биде 83.850 дози. Ова се дози на вакцини што стигнаа до крајот на декември 2020 година. Планот на Грција, кој го соопштија надлежните, вели 419.250 дози исто од ‘Фајзер’ до крајот на јануари, 333.450 дози исто од ‘Фајзер’ до крајот на февруари, околу 400 илјади дози во март за до крајот на март бројот достигне до 1.255.800 дози. И ова се вакцини само од ‘Фајзер’. Во првиот квартал на 2021 година Грција очекува 240 илјади дози од ‘Модерна’. Потоа, 500 илјади дози од ‘Астра зенека’ до крајот на јануари, исто од ‘Астра зенека’ 800 илјади дози до крајот на февруари, 1.500.000 од истиот производител до крајот на март и 2.200.000 исто од ‘Астра Зенека’ до крајот на април. Дополнително, Грција чека вакцини од ‘Санофи’, ‘Џонсон и Џонсон’ и од ‘Кјурвак’. Премиерот на Албанија, Еди Рама, на првиот ден од 2021 година објави дека се договорени 500 илјади дози од ‘Фајзер’ и даде и детали, 10.750 дози на ‘Фајзер’ ќе стигнат во третата недела од јануари, 30 илјади дози во февруари“, наведе ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат дека Филипче и Заев, наместо да лудуваат со мотори, за што единствено се покажале способни, треба да излезат пред граѓаните и да дадат детали за вакцините. Одговорноста, пак, не им бега, ќе мора да одговараат, додава опозицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи
Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола.
Полицијата поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, П.П., на работно место полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, В.Р., вработена како наставник во средно училиште во Скопје и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје.
„Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П.“, соопшти МВР.
Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање на лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел дејствија на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски.
„Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги“, соопштиа МВР.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДСМ со двојни аршини – против возење без дозвола, а гласаа против „Безбеден град“
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција изјави дека СДСМ и Венко Филипче применуваат двојни аршини во однос на прашањето за безбедноста во сообраќајот.
„Од една страна велат дека секој оној кој сака да вози без возачка дозвола треба да е санкциониран, а од друга страна гласаа против системот ‘Безбеден град’“, рече Петрушевски.
Петрушевски потсети дека СДСМ и Филипче гласале против проектот „Безбеден град“ во Собранието, додавајќи дека координаторот на нивната пратеничка група, Оливер Спасовски, кој е поранешен министер за внатрешни работи, не направил ништо поврзано со ова прашање за да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Според него, во време на претходната власт не бил имплементиран ниту еден системски проект што ќе обезбеди дигитална контрола над сообраќајот, транспарентно санкционирање и реално намалување на сообраќајните прекршоци. Додаде дека проектот „Безбеден град“ не е партиска агенда, туку решение за заштита на животите на граѓаните.
Македонија
Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија
Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија, информира СВР Охрид.
Во рамките на вежбовните активности, предвидена е употреба и користење на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства.
Планираната обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија на подрачјето на Охрид и Струга, е во состав на вежбата „BEL-SOF Exercise 26” што ќе биде спроведена и на други подрачја во земјава.
„Апелираме до граѓаните на Охрид и Струга, да ги почитуваат насоките на полициските и армиските службеници кои, ќе се грижат за безбедноста на целокупното подрачје“, велат од СВР Охрид.
фото/Depositphotos

