Економија
Германските трговци на мало тврдат дека ново заклучување би довело до „бран на стечаи“
До 50 илјади трговци на мало во Германија би можеле да стават клуч на врата доколку затворањето поради вирусот продолжи и по 10 јануари, предупредуваат од здружението на трговски друштва.
„Ситуацијата е навистина многу сериозна“, вели Штефан Гент, извршен директор на германското Здружение за малопродажба (ХДЕ), додавајќи дека трговците се чувствуваат заборавено во пандемијата.
Во писмото во кое увид имала новинската агенција ДПА, а кое изминатиот викенд било испратено до канцеларката Ангела Меркел, ХДЕ бара перспектива и насочена и ефективна помош за продавниците погодени од прекинувањето на работата.
На речиси 50.000 продавници со над 250.000 вработени им се заканува затворање доколку продолжи заклучувањето, предупредува ХДЕ.
„Министерот за финансии Олаф Шолц постојано најавува милијарди евра помош, но тие пари де факто не се исплаќаат затоа што пречките за нивно добивање се многу големи“, вели Гент.
За ХДЕ, примарна цел мора да биде тоа продавниците да се отворат веднаш штом здравствените власти дадат зелено светло.
„После тоа, тие повеќе не треба да бидат затворени“, сметаат од здружението.
„Не можеме само да одиме од една блокада во друга“, порача Гент.
Шефот на германскиот институт за економски истражувања (DIW), Марсел Фрацшер, предвидува сериозни последици доколку се продолжи со блокадата.
„Колку подолго трае, толку повеќе компании ќе ги достигнат границите на своите можности и ќе банкротираат“, изјави Фрацшер за „Аугсбургер алгемајне“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

