Македонија
Пендаровски: Како демократска држава ни прилега попис по највисоките статистички стандарди
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со министерот за правда, Бојан Маричиќ, и со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
На средбата Пендаровски бил информиран за тековните процеси на реформи во судството и за активностите и капацитетите на Државниот завод за статистика во пресрет на спроведувањето на пописот, информираат од претседателскиот кабинет.
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, истакнал дека Заводот е целосно подготвен за спроведување на пописот во контекст на методолошкиот и техничкиот дел и изразил очекување дека законот набргу ќе биде донесен со цел навремено и адекватно постапување.
Претседателот изразил очекување дека во новото законско решение ќе бидат вградени највисоките статистички стандарди на Евростат со цел да се реализира валиден и кредибилен попис како што соодветствува за една демократска држава.
Министерот за правда го информирал Пендаровски за новата методологија за оценување на работата на судиите и претседателите на судовите, како и со новата алатка за филтрирање и проверка на работата на судиите и судовите.
Претседателот ја поздравил одлуката на Советот за реформи во правосудството за ветинг (проверка) на судиите оценувајќи ја како чекор напред во стекнување доверба на граѓаните во работата на судството.
„Правната држава е од егзистенцијално значење и мора да биде поставена на здрави темели. Реформите во правосудството треба да бидат ефикасни и тука не смее да има селективност и толеранција“, посочил Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

