Македонија
Алтернатива: Заев купи вакцини само за неговата партија и нејзините филијали
„По официјалните информации дека Владата, односно Министерството за здравство, обезбедило вакцини за околу 3000 граѓани, кои ќе дојдат во март, а за другите не е познато кога, слободно можеме да констатираме дека оваа влада само за интересите на народот не работи. Оваа количина на вакцини е веројатно планирана за неговата партија и нејзините филијали“, се вели во соопштението на Алтернатива.
Според партијата, вакцинирањето на 1-2% од населението, не само што е крајно неодговорно, туку и најдобро објаснува кој е реалниот интерес на оваа влада. Ова поточно ја објаснува и заложбата на оваа влада за легализација на дрогата. Влада која се грижи за дрога, не може да се грижи и за здравјето на граѓаните.
„Колку за информација и споредба, Србија од понеделник го започнува вториот циклус на вакцинација со околу 20 илјади дози, Бугарија, исто така, ја очекува и втората пратка со 25 илјади вакцини, додека Република Албанија објави дека веќе обезбедила половина милион вакцини, од кои првата пратка ќе пристигне во јануари. Само овие бројки, а да не ги спомнувам европскиот и американскиот стандард за вакцинација, се доволен доказ дека Северна Македонија, токму поради невниманието на оваа влада или нејзината грижа за темите спротивни на граѓанскиот интерес, ќе продолжи да ги брои жртвите на пандемијата и ќе продолжи да се оправда дека толку може да направи.Затоа, Алтернатива смета дека ослободувањето од оваа влада, ако не од некоја друга причина, барем од оваа причина, веќе стана обврска. Едноставно, станува збор за спасување на животите на луѓето“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.
Македонија
СДСМ: Со милошевичко – орбанистички пристап, власта го загрози проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“
Од ВМРО-ДПМНЕ да не се прават на Тошо. Ако денес го признаваат хаосот во проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, тогаш нека кажат и кој го создаде тој хаос. Муцунски, Орце Ѓорѓиевски и Љутков се на власт. Тие го заглавија проектот, го водеа спротивно на закони, без транспарентност, без консултации и без вклучување на културниот сектор. Денес сами признаваат дека бил блокиран, а од кого, од нив, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека со нивниот милошевичко – орбанистички пристап кон невладиниот и независниот културен сектор, оваа власт не само што го загрозила кредибилитетот на проектот, туку ги срушила и неговите темели:- плурализам, уметничка слобода и европски стандарди.
„Видовме и која е нивната визија: Скопје престолнина на кичот. Затоа Љутков, наместо да го турка овој европски проект, откако е министер, само се жали дека СДСМ не го одржувала скапо платениот стиропор од Скопје 2014. Културната престолнина не е партиски плен за блиски фирми и „клиенти“, туку европски процес што треба да го води целата културна фела – уметници, институции, независна сцена, академска заедница. Затоа, должни се пред македонската јавност да одговорат: Кoja е нивната визија за проектот? Што точно образлагале во Брисел? Каква програма презентирале? Кои реформи ги гарантираат?“, велат од СДСМ.
Од опозицијата наведуваат дека досега се виделе само импровизации, затвореност, игнорирање на секторот и манипулации за дневнополитички потреби.
„Скопје ќе биде европска престолнина на културата само ако се врати духот на европските вредности: отвореност, транспарентност, професионализам и вистинска поддршка на уметниците. А тоа е невозможно со власт која ја става културата во кафез и ја води како партиски проект, без концепт и без одговорност“, сметаат од СДСМ.

