Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Им нудиме бесплатна правна помош на граѓаните кои МВР противуставно ги уапси на бадникарски оган
Спротивно на Уставот, уапсени се жители на селото Орман, кои присуствувале на традиционален бадникарски оган, тврди ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека станува збор за лицемерство од власта, која мижи пред кршењата на законите и протоколите кои ги прават владините функционери и блиските до власта.
„Замислете, беа брутално и насилно апсени граѓани од селото Орман на бадникарски оган, а кога функционерите на СДСМ славеа во Штип пред неколку дена, со оркестри, со софри, без дистанци и без маски немаше никаква реакција на институциите. Каде беа институциите да реагираат и на прославата на роденден на функционерите од владејачката ДУИ во државна институција спротивно на сите протоколи и норми на пристојно однесување? Зошто нема никаква санкција за Венко Филипче и за Зоран Заев, кои, исто така, без маски и без дистанца се фотографираа со своите деца на квадрициклите во првиот ден од новата година“, изјави на прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски.
Според него, владата на Заев ги заплашува обичните граѓани и, како што вели, бесрамно покажува дека едно важи за обичниот човек, а сосема други правила важат за власта.
„Ако Спасовски сака да тренира строгост и владеење на правото, тогаш зошто сѐ уште не откри каде завршија парите од полната торба рекет, зошто нема никаква разрешница на случајот со Ден Дончев за скандалот во кој целата јавност го виде како става снопчиња пари во својата чанта, зошто нема правна разрешница за милионскиот скандал ‘Леонардо’ во кој беше директно вмешан поранешниот владин генерален секретар Драги Рашковски, зошто нема разрешница на криминалните иновации, зошто нема разрешница за прислушувањето во Јавното обвинителство, матните зделки со инсулинот…“, запраша претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека неговата партија на граѓаните кои, како што оцени, вчера противуставно и насилно биле приведени им нуди бесплатна правна помош, како и за сите други вакви слични случаи во кои, според Стојаноски, власта на Заев противуставно ги крши слободите и правата на обичниот граѓанин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.

