Македонија
166 нови случаи на Ковид-19, починаа 10 лицa
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-88, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-13, Струга-11, Велес-1, Охрид-13, Кавадарци-4, Гостивар-7, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-2, Виница-1, Кичево-2, Неготино-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 416 оздравени пациенти од: Скопје-175, Куманово-22, Дебар-7, Штип-12, Прилеп-15, Тетово-14, Струга-24, Велес-9, Битола-23, Охрид-26, Кавадарци-22, Гостивар-13, Гевгелија-4, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-2, Крушево -2, Кочани-6, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1 и Неготино-6.
Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (86 и 66), еден од Куманово (72), двајца од Штип (59 и 55), тројца пациенти од Прилеп (79, 74 и 78), еден од Охрид (82) и еден пациент од Радовиш (65). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85494, бројката на оздравени пациенти е 66209, на починати е 2581, а бројот на активни случаи изнесува 16704. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 37009, активни 10231
• Куманово 4838, активни 476
• Дебар 661, активни 116
• Штип 3350, активни 191
• Прилеп 4325, активни 413
• Тетово 4833, активни 705
• Струга 2080, активни 229
• Велес 2828, активни 394
• Битола 3096, активни 430
• Охрид 2527, активни 432
• Кавадарци 2226, активни 484
• Гостивар 3436, активни 451
• Гевгелија 1202, активни 231 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2360, активни 440
• Крива Паланка 651, активни 102
• Радовиш 633, активни 71
• Крушево 169, активни 29
• Кочани 1637, активни 179
• Пробиштип 459, активни 34
• Демир Хисар 239, активни 33
• Македонски Брод 223, активни 13
• Пехчево 159, активни 21
• Берово 531, активни 66
• Валандово 317, активни 41
• Виница 458, активни 59
• Делчево 677, активни 201(183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 195, активни 10
• Свети Николе 1047, активни 68
• Кичево 1599, активни 183
• Ресен 664, активни 122
• Неготино 1065, активни 249 (170 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1049 теста се преку: ИЈЗ-174, ЦЈЗ Скопје-53, Авицена-185, Биотек-125, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -162, лабораторија Лаор – 63, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -75, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 411.040 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар
Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар.
„Денес презентираме конкретни проекти кои имаат за цел да го трансформираат Гостивар во функционален, зелен и отворен град за сите, каде модерната инфраструктура коегзистира со рекреативни и културни простори. Подземниот паркинг во близина на Општината е еден од клучните проекти што има за цел решавање на овие проблеми. Во центарот на градот планираме изградба на модерен подземен паркинг со 126 паркинг-места, опремен со современа безбедносна технологија и брз пристап до јавните институции, трговските и културните објекти. Оваа инвестиција ќе ги ослободи јавните простори од хаосот на автомобилите, ќе ја намали загаденоста и бучавата и ќе го направи центарот на градот почист и поорганизиран“, рече Лимани.
Тој кажа дека трансформацијата на центарот на градот е следниот чекор кон модерен Гостивар.
„Центарот ќе премине од преоптоварен простор во место на гордост за секој граѓанин. Проектот предвидува изградба на подземен премин за возила и пешаци, како и подземен паркинг со 219 паркинг-места во срцето на градот. Површината над земја ќе се трансформира во модерна јавна платформа, со зелени површини, детски игралишта, рекреативни зони и културни простори за концерти, изложби и различни настани“, рече Лимани.
Друг значаен проект, додаде Лимани, е Рекреативниот езерец и Павилјонот во Градскиот парк на Гостивар.
Според него, овој проект додава нов природен и релаксирачки елемент, со интервенција на само околу 10% од површината на паркот, во зоната помеѓу Градскиот стадион, реката Вардар и постојните патеки.
„Главните елементи вклучуваат: -рекреативен езерец од 2.200 м², со длабочина до 1,5 метри; -дрвен мост од 245 м²; -простор со чакал од 900 м². Овој езерец придонесува за зачувување на биодиверзитетот преку создавање природно живеалиште, додека павилјонот и дрвениот мост нудат простори за одмор, прошетки и социјална интеракција. Областа околу стадионот ќе се оживее и ќе се претвори во урбана референтна точка со висок рекреативен и туристички потенцијал за Гостивар“, рече Лимани.
Македонија
Ѓорѓиевски подготвуваше оброци за народните кујни на Скопската епархија, ги повика сите кои можат да се приклучат
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се приклучи во подготовката на оброци за народните кујни на Скопската Епархија, во рамки на хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево.
„Заедно со отец Оливер од хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево, подготвивме повеќе од 200 оброци кои ќе бидат распределени во пунктовите на народните кујни на Скопската Епархија. Мал гест, но со силна порака дека човечноста живее и дека добрината не згаснува. Свесни сме дека не можеме да помогнеме насекаде и на сите. Но можеме да дадеме сè од себе за оние на кои им е најпотребно, за нашите сограѓани да знаат дека не се сами. И токму тоа го правиме со срце, со искреност и со вера. Со отец Оливер, човек кого е благослов да го имаш покрај себе и кој секојдневно сведочи дела достојни за длабока почит, сме заедно уште од самото формирање на организацијата. Зад нас стојат бројни хумани дела, а пред нас уште многу можности да правиме добро. Така ќе продолжиме и понатаму. Затоа што само преку добри дела, без разлика на политичка, верска, етничка или каква било припадност, можеме да создадеме насмевки и да внесеме светлина таму каде што таа недостига. Ги повикувам сите кои можат, кои имаат и кои во срцето носат желба да помогнат, да се приклучат на оваа благородна мисија“, напиша Ѓорѓеивски на социјалните мрежи.
Македонија
Забрана за сообраќај за автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка
Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 09:25 часот се воведува забрана за сообраќај за автобуси, извести АМСМ.
За леки коли е задолжителна зимска опрема (синџири), додаваат од АМСМ.

