Контакт

Соопштенија

СДСМ: Новата 2021 ќе биде година на економски раст и развој

Објавено пред

„СДСМ продолжува со креирање и реализација на мерки и политики, кои ќе овозможат новата 2021 година да биде година на економски раст и развој, година во која македонската економија полека, но сигурно ќе се враќа на претходните стапки на раст, година во која ќе продолжи да расте и стандардот на граѓаните“, соопшти партијата.

dobivaj vesti na viber

Според СДСМ, претходната година, соочени со глобална финансиска и здравствена криза, покажавме дека со одговорен, инклузивен и домаќински пристап последиците од коронакризата врз економија можеме да ги сведеме на минимум.

„Од почетокот на кризата креиравме и реализиравме четири пакети економски мерки за поддршка на најпогодените компании и поединци од кризата за што обезбедивме над 1,2 милијарда евра. Тие политики дадоа резултат. Спасени се десетици илјади работни места, а директно им се помогна на речиси 500.000 граѓани.

Оваа година ќе биде година на целосно економско заздравување, година на економски раст и развој, што се потврдува и со буџетот за 2021 година, кој е развоен и скроен да одговори на сите предизвици во годината пред нас. Повеќето од проектираните средства во буџетот, или 83 %, се расходи наменети за капитални проекти, важни проекти за граѓаните во целата држава. Оваа година продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката, гасификацијата, во изградба и реконструкции на градинки, болници, училишта, вложуваме и во животната средина, во комуналната инфраструктура како и во изградба на социјални станови. Со Буџетот за 2021 година обезбедуваме одржливост, рационализирање на трошењата, како и прецизни проекции, со цел ефикасно справување со епидемијата. Истовремено, обезбедена е буџетска резерва, во случај на продолжено траење на пандемијата“, се вели во соопштението.

Соопштенија

ЗНАМ со мерки за зачувување на животната средина во Куманово

Објавено пред

Од

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска на прес конференција зборуваше за животната средина. Нешто што, како што рекоа, е поважно од сите нас во Куманово.

dobivaj vesti na viber

„Таа е заеднички дом за сите нас. Дишеме ист воздух, делиме ист простор и одговорни сме за истата иднина – затоа мораме заеднички да ја чуваме, нејзиното штитење е голем предизвик за сите нас. Предизвик кој сме должни да го надминеме и да го реализираме во целост“, рече кандидатот за советник од советничката листа на ЗНАМ Тамара Тренчевска.

Нашата цел, додаде таа, е да ја подигнеме еколошка свест и да создадеме зелена и чиста Општина, во која секој граѓанин ќе има можност за здрав живот.

Тренчевска ги наведе приритетните проекти што се предвидени во програмата: поставување на соларни панели на јавни објекти, установи и институции и енергетско ефикасни фасади, интегриран систем за селекција, сепарација, транспорт и преработка на отпад, дигитална контрола и мониторинг за регулирање на бучава во угостителски објекти, видеонадзор на јавни површини и точки од јавен интерес за заштита на имот и животна средина, ширење на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа со фокус на јавни објекти, индустриски капацитети (с. Добрашане, нас. Карпош, индустриска зона Новини и Речица), колективни станбени згради и домаќинства, намалување на цената за приклучок на гасоводна мрежа, зајакнување на капацитетите на Сектор за инспекциски надзор во Општината, зајакнување на капацитетите на ЈП „Чистота и зеленило“ и зголемување на буџетот за одржување на хигиенатам, зголемен интензитет на перење на улици и плоштади, замена на сите постојни надземни контејнери во централно подрачје со полуподземни контејнери, поставување на дополнителни контејнери за селекција на отпад, нови контејнери на локации каде што има потреба, поголем број мали корпи за отпадоци на јавни површини со висока фреквенција, зголемена инспекциска контрола на критични подрачја и речни корита, континуирано чистење на речните корита во градот, зголемена едукација за екологија на учениците од најрана возраст, продолжување на Субвенции за користење на клима уреди, кампањи за подигнување на јавната свест за заштита на животната средина со поддршка на НВО, активизам и волонтерски организации и поставување мерни станици за квалитет на воздух на повеќе клучни локации.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Филипче: Очајни се нападите од Мицкоски, човекот нема ни резултати ни капацитет да ја води државата

Објавено пред

Од

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека спиновите и лагите со кои се служи премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се резултат на целосна безидејност и обид да се сокрие неспособноста на власта да испорача резултати.

dobivaj vesti na viber

„Спиновите и лагите со кои што се служи премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се резултат на една целосна безидејност што друго да направат. Немаат што да прикажат, немаат сериозен проект се вадат и како алиби го кажуваат тоа дека за некои работи биле потребни децении,“ рече Филипче.

Тој нагласи дека власта бара оправдување затоа што граѓаните гледаат дека нема ништо реализирано, за разлика од конкретните резултати што ги постигна СДСМ во својот мандат.

„Соочени се со тоа што ние го кажуваме што ние сме направиле во нашиот мандат за само година или две. И ако ние сме можеле за две години да ги зголемиме платите на лекарите, да почне зголемувањето на минималната плата која до крајот на мандатот е дуплирана. Платите на докторите до крајот на мандатот за 2,5 пати некаде зголемени, ако сме можеле за само два години од мандатот Социјалната помош да ја зголемиме за 300%, ако сме можеле за само две години да ги решивме 30 -годишните отворени стечајците, тие да се целосно обештетени, зошто тогаш ВМРО-ДПМНЕ бара некакво алиби за тоа дека за некои работи требале децении? Не е тоа вистината. Вистината е дека немаат ниту капацитет, ниту волја, ниту визија како да ја водат државата напред,“ истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека ваквото однесување станало постојана пракса на власта:

„И во таква ситуација се што прават, спинуваат. Куфери со пари, предавства, поделба на граѓаните. И тоа е нешто што го прават во континуитет, тоа не е нешто ново. Тие, исто како и ланската кампања, и сега ја тераат кампањата. Ама сега водат државата, имаат одговорности, мораа да покажат резултати. Граѓаните гледаат дека нема никаква испорака, се намалуваат платите, се скратија пензиите, просечната плата паѓа 3 месец поред,“ рече Филипче.

„Ппензионерите наместо 1000 денари зголемување, требаше да имаат 2000, ако го продолжеа нашиот систем на зголемување на пензиите со методологијата, они се одлучија за линарно зголемување. И сега парите се скратија. Предупредувавме дека така ќе биде,“ изјави Филипче.

На крајот, тој упати критика за, како што кажа, неконтролираниот раст на цените и неактивноста на Владата:

„Цените се надвор од контрола. Никој не ги контролира цените во маркетите. А има владата механизам да го направи тоа. Ниту една добра мерка која ќе предложиме не ја подржаа. Во таква ситуација барат предавници, го делат народот, а државата стагнира,“ порача претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Лабудовиќ: Центар мора повторно да ги разбуди своите маала

Објавено пред

Од

Центар не е само општина – тоа е дух, приказна и начин на живот, порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, во својата денешна изјава.

dobivaj vesti na viber

Лабудовиќ истакна дека целта е да се врати вистинскиот маалски дух кој некогаш го правел Центар жив, топол и полн со енергија.

„Центар мора повторно да ги разбуди своите маала – местата каде што луѓето се поздравуваа со насмевка, каде што се седеше на клупа под липа, каде што се делеше и радост и мака. Денес тој дух е загубен меѓу бетон, сообраќаен метеж и бучава. Моја визија е повторно да го оживееме маалскиот живот – да создадеме средина каде што секој граѓанин ќе се чувствува спокојно, безбедно и гордо што живее токму овде“, истакна Лабудовиќ.

„Затоа, ќе ги уредиме и осветлиме запуштените зелените катчиња и детските игралишта во Капиштец и ќе ја обновиме уништената урбана опрема. Во Дебар Маало ќе создадеме нови пешачки зони и велосипедски патеки, а се разбира ќе има и повеќе паркинг простор и слободни тротоари.. Во Буњаковец ќе има нова катна гаража која ќе ги ослободи улиците. Во Градски ѕид ќе ги обновиме плочниците и ќе засадиме нови дрвја. И, многу други нешта во сите центарски маала“, истакна Лабудовиќ.

Тој додаде дека обновата на Центар не значи само изградба и инфраструктура – туку обновување на човечките вредности: довербата, солидарноста и заедништвото.

„Со ревитализација на старите маала, со зачувување на она што е дел од нашето секојдневие и создавање нови јавни простори – ќе им го вратиме на центарци она што најмногу им недостига: блискоста, припадноста и човечката топлина. Секое маало ќе биде мало срце на нашата општина – пулсот на едно современо, но топло Скопје“, нагласи Лабудовиќ.

Кандидатот за градоначалник порача дека центарци отсекогаш знаеле што е вистинска вредност.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

За пет дена 2.267 сообраќајни прекршоци, уапсени се 22 лица

Од почетокот на месец октомври полицијата констатирала 2.267 сообраќајни прекршоци, а 22 лица се уапсени за безобзирно управување на возило,...

Македонија1 час

(Видео) Николоски: Јасно е дека Заев ги влече конците во СДСМ

Јасно е дека Заев ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и...

Топ3 часа

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски...

Македонија4 часа

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата

Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа...

Свет4 часа

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата на коронавирус?

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, даде интервју за унгарскиот медиум „Партизан“. Меѓу другото, таа зборуваше за конфликтот во Украина. „Во...

Македонија6 часа

Заев: Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија“

„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува...

Македонија6 часа

„Водовод“: Поради прекини на струја дојде до два дефекти истовремено на главната водоводна линија

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај...

Регион6 часа

(Видео) Во Црна Гора убиен член на Шкаљарскиот клан: телото пронајдено во автомобил

33-годишниот Бобан Сјеклоќа беше убиен вчера околу 18 часот во продолжението на војната меѓу црногорските кланови. Телото на овој висок...

Европа7 часа

(Видео) Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот...

Свет8 часа

Трамп: Разговорите со Хамас за завршување на војната во Газа напредуваат брзо

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека преговорите со Хамас за прекин на израелската војна во Газа и ослободување на...

Европа9 часа

(Видео) Украинците го нападнаа Белгород: град со 300.000 жители остана без електрична енергија

Рускиот град Белгород и околните области беа погодени од прекин на електричната енергија синоќа. Причината беа нападите што ја оштетија...

Регион9 часа

(Видео) Мафијашка пресметка во Црна Гора, пронајдено тело на популарна плажа

Целосна полициска блокада е воспоставена во поширокото подрачје на плажата Јаз во близина на Будва вчера вечер поради убиство што...

Македонија18 часа

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем...

Македонија19 часа

Филипче: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните за нив се само бројка во избирачкиот список“, оваа порака ја упати вечерва...

Македонија20 часа

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните...

Македонија20 часа

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не...

Регион1 ден

Македонија ѝ понуди помош на Бугарија по катастрофалните поплави

Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот на Бугарија, Румен Радев, на „Икс“,...

Свет1 ден

(Фото+видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди...

Свет1 ден

Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд...

Македонија1 ден

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од утре пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во...