Соопштенија
СДСМ: Продолжуваме со реализација на инвестиции во гасификација, железничка, патна и комунална инфраструктура
„СДСМ е посветен на креирање и реализација на мерки и политики, кои ќе обезбедат рестарт на македонската економија и поквалитетен живот за сите.Преку стратешката рамка „Акција 21“, Владата предводена од СДСМ оваа година се фокусира на развој и унапредување на инфраструктурата.За реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификација, железничка, патна и комуналната инфраструктура како и за изградба на социјални станови се предвидени 83 проценти од буџетот на Министерството за транспорт и врски“, соопшти СДСМ.
Според партијата, за изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава се инвестираат 840 милиони евра.
„За оваа година се обезбедени 937 милиони денари за изградба и реконструкција на канализациски и водоводни мрежи во општините, 615 милиони денари за изградба и санација на локални улици и патишта во општините. Со 35 милиони евра, средства добиени преку пренамена од ТАВ, ќе се финансираат 99 локални проекти во 75 општини.Процесот на гасификација се реализира со одлично темпо. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен и кон Тетово и Гостивар.Инвестираме и во обезбедување домови за граѓаните од ранливите категории. Во изградба се вкупно 576 социјални станови низ целата држава.СДСМ како одговорна партија и во 2021 година продолжува со инвестиции во капиталните проекти, со кои се поттикнува економскиот раст во државата, подобри услови за економијата и повисок стандард на сите граѓани“, соопшти партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Левичарите од „Али експрес“ си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат
Левичарите од „Али експрес“, како Димче Апасиев и Амар Мециновиќ, па дури и целото раководство од президиумот, си измислуваат лажни приказни во кои само тие си веруваат и мислат дека и народот ќе им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако јавноста виде со какви луѓе располага Левицата, од типот на Амар Мециновиќ, човек што лаже дека е дипломиран, а има 7 предмети положено на факултетот на кој е запишан, човек што не знае колку јавни претпријатија има градот Скопје, човек што не знае колку средни училишта има во градот Скопје, човек што не си ги знае булеварите во градот ниту, пак, проектите што му се во програмата, посегна по глумење жртва и ширење лажни вести во медиумскиот простор.
Токму тие лажни вести, кои се обидуваат да ги шират во јавноста, в недела на 2 ноември ќе ги разбудат од овој нивен сон што го сонуваат. Реалноста е сосема поинаква од она што тие го живеат.
Затоа граѓаните својот глас ќе го дадат за вистинскиот избор, а тоа е Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ! Заокружете го бројот 9“.
Соопштенија
Герасимовски: Го санираме покривот на фискултурната сала на училиштето „Песталоци“, создаваме подобри услови за учениците
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, изврши увид во санацијата на покривот на фискултурната сала на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со овој зафат, како што најави, се решава долгогодишниот проблем со протекување на покривот, поради што во објектот имаше оштетувања и влага.
„Санацијата опфаќа површина од 405 квадратни метри. Поставена е висококвалитетна изолација , камена минерална волна, која е одличен термоизолатор и обезбедува високо ниво на заштита од пожар. Врз неа е поставен пластифициран ребрест лим, материјал со висока издржливост и отпорност, кој овозможува долговечна и енергетски ефикасна санација на покривот,“ рече Герасимовски.
Покривот врз спортската сала повеќе од една деценија не беше саниран, велат од општината.
„Со оваа интервенција Општина Центар обезбедува подобри услови за учениците и наставниците, но и долгорочна заштита на објектот,“ додаде Герасимовски.
Соопштенија
„Влен“: Секој обид да се поврзе кандидатот што го поддржуваме со каков било вид вештачка тензија е неточен
Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Села, велат од коалицијата ВЛЕН.
„Секој обид да се поврзе коалицијата ВЛЕН или кандидатот што го поддржуваме, Менди Ќира, со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика. Зошто коалицијата или кандидатот кој е фаворит за победа на изборите на 2 ноември би создавале тензии? Политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, стратегија што оди во прилог на кандидатот на Зијадин Села и ЛЕВИЦА, Арсим Далипи. Целата јавност знае дека соработката помеѓу НАИ и ЛЕВИЦА е очигледна, и во Тетово и во Струга. Затоа, овие обиди за создавање конфузија се залудни и разочарувачки“, се вели во соопштението.

