Свет
Австриска министерка обвинета за плагијат
Добро познатиот ловџија на плагијати Стефан Вебер се сомнева во веродостојноста на дипломската работа на министерката за економија на Австрија, Кристина Ашбахер.На својата веб-страница Вебер напиша дека Ашбахер го привлекла неговото внимание поради лошото изразување на германски јазик, па затоа решил да ја провери нејзината дипломска работа.
Откако ја анализирал работата што Ашбахер ја доставил до стручното училиште во Винеrнојштат, тој изјави дека е под сите научни стандарди.Тој цитира и неколку делови од делото, кои, како што тврди, покажуваат огромни јазични недостатоци. Вебер исто така тврди дека министерката „копирала цели делови“, а нејзината хипотеза била „плагијат“.
Во кабинетот на министерот Ашбахер, се изненадени од овие тврдења и велат дека министерката димпломската работа ја правела со најдобри намери.Потсетуваат дека трудот бил поднесен во 2006 година и дека е оценет со многу добра оценка. Тие исто така наведуваат дека предавачите на таа работа, но и на работата на Техничкиот универзитет во Братислава, биле познати професори, на чиј суд се потпрела.
Вебер го привлече вниманието на јавноста со обвинувања за плагијат на дела на неколку австриски познати личности, како што се сегашниот европски комесар Јоханес Хан или поранешниот министер Томас Дрозд, а во случајот на политичарот Кристијан Бухман, овие обвинувања доведоа до одземање на неговиот докторат.
Дневниот весник „Клајн Цајтунг“ објави делови од работата на министерката Ашбахер, во кои таа преведе статија од американското списание „Форбс“. Високата школа во Винернојштад, како што беше соопштено за дневниот весник „Стандард“, ќе ја провери дипломската работа на Ашбахер, а доколку се заклучи дека е плагијат, тогаш ќе и биде одземена магистратурата. Ако тоа се случи, тоа ќе има последици за докторската диплома што Ашбахер ја стекна во Братислава минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

