Забава
Шварценегер го спореди упадот во Конгресот со кристалната ноќ

Холивудскиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, во видео објавено на Твитер го спореди упадот во американскиот Конгрес од страна на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп со нацистичкото насилство врз Евреите.
Шварценегер, член на Републиканската партија и долгогодишен критичар на Трамп, ја спореди опсадата во Капитол со „Кристалнахт“, или Ноќ на скршени стакла, кога нацистите во 1938 година ги уништија бизнисите и институциите во сопственост на Евреите и десетици беа убиени.
„Тие не само што ги кршеа вратите од зградата што е дом на американската демократија. Тие ги погазија самите принципи врз кои е основана нашата земја“, рече тој на видеото објавено на неговиот официјален профил на Твитер во неделата.
Навраќајќи се на своите искуства од детството во повоена Австрија, Шварценегер предупреди дека лагите, нетолеранцијата и соучесништво во некои меинстрим текови претставува закана за демократијата.
„Пораснав во урнатините на земјата што претрпе загуба на својата демократија … Растејќи, бев опкружен со скршени луѓе кои ја носеа вината за нивното учество во најлошиот режим во историјата“, рече тој. „Не сите беа бесни антисемити или нацисти. Многумина само одеа заедно, чекор по чекор, по патот. Тие беа луѓето од соседството“.
Актерот ги повика Американците да ги остават настрана своите политички убедувања и да заздравуваат заедно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Вистинска дама изгледа како Скарлет Јохансон

Скарлет Јохансон неодамна се појави во The Late Show со Стивен Колбер. Љубопитните фотографи ја фотографираа на улиците на Њујорк, пред студиото, а за таа пригода таа одлучи да облече дамска креација.
Дамската облека се карактеризира со отсуство на кич детали, минималистички крој, црн фустан и високи потпетици. Стилот на познатата русокоса ги содржеше сите горенаведени карактеристики и се квалификува за терминот дамско издание.
Скарлет носеше црн макси фустан со рамен крој, што ја истакнуваше нејзината завидна фигура, а впечатлив беше и преголемиот ремен што ја нагласуваше нејзината половина.
Стилот го надополни со златни додатоци, шминка во земјени тонови и впечатлив црвен кармин, како и рамна коса.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Леонардо ди Каприо, конечно, го покажа лицето и сите се прашуваат – што му се случува?

Леонардо ди Каприо во последните неколку дена работи на промовирање на својот филм One Battle After Another, а неговото неодамнешно појавување во Њујорк го привлече вниманието на јавноста.
Познатиот холивудски шармер одлучи да облече класичен сив двореден костум за таа пригода.
Сепак, најголемо внимание на јавноста привлече неговата фигура бидејќи, според странските медиуми, актерот изгубил многу килограми, како и стомакот, кој му беше заштитен знак со години.
Покрај тоа, неговото лице не остана незабележано. Изгледа многу помладо, веројатно и новата фризура придонесува за тој впечаток, а можеби и врската со 23 години помладата италијанска убавица.
Во секој случај, никој не може да го негира фактот дека нешто се случува во животот на овој згоден маж…
фото: принтскрин
Забава
Џулија Робертс ги потврди преговорите за продолжение на култната романтична комедија

Обожавателите на култната романтична комедија My Best Friend’s Wedding имаат причина за славење. Џулија Робертс потврди дека е во преговори да ја повтори својата улога како Џулс Потер во долгоочекуваното продолжение. Актерката, добитничка на „Оскар“, ја откри веста во интервју за „Варајети“.
Додека дискутира за својот нов филм„After the Hunt, 57-годишната актерка беше прашана дали ќе се појави во продолжението на хитот од 1997 година. „Ми се јавија“, одговори кратко Робертс потврдувајќи дека разговорите се во тек. „Варајети“ објавува дека актерката се насмеала кога режисерот Лука Гвадањино, кој исто така се појави во интервјуто, на шега рекол дека ќе го режира продолжението во секунда.
Веста за продолжението првпат се појави кон крајот на јули кога беше објавено дека режисерката Селин Сонг потпишала договор за сценариото.
Иако 37-годишната Сонг е потпишана за сценариото, режисерот и остатокот од екипата сè уште не се официјално потврдени. Оригиналниот филм е режиран од австралискиот режисер П. Џ. Хоган.
фото: принтскрин