Македонија
(Видео) Талески: Со„Акција 21” следува зајакнување на сите капацитети кои се борат со високата корупција
Со „Акција 21” следува зајакнување на сите капацитети кои се борат со високата корупција, новата 2021 година ќе биде антикорупциска година, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ. Тој кажа дека борбата против криминалот и корупцијата е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.
„И во оваа година продолжуваме со реализација на препораките од ГРЕКО. Во соработка со УСАИД во првите шест месеци од годинава ќе се спроведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници, со цел подобро воочување на евентуални слабости во поединечните сектори со што корупцијата ќе се превенира навремено. Започнува реализација на проекот за интероперабилност меѓу антикоруцписките институции кои одговараат пред Владата. Со овој проект се овозможува безбедна и ефикасна размена на податоци по елелктронски пат за предмети поврзани со корупција. На овој начин се очекуваат брзи и ефикасни рзултати во решавањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција“, изјави Талески.
Тој кажа дека веќе никој нема да смее да затајува, забавува и закочува случаи во кои постојат сомнежи за корупција. Се разбира, додаде тој, тоа нема да значи и осудување однапред, туку извршување на задачите и обврските сите информации веднаш да бидат предадени до надлежните институции, за да има брза завршница на процесите.
Талески најави дека следува зајакнување на правниот систем преку доекипирање и дигитализација на истражните центри во Јавното обвинителство, што, според него, ќе придонесе за зголемување на ефикасноста на борбата против корупцијата и криминалот преку брзо решавање на предметите.
„Оваа година се воведува и електронски систем за инспекција, односно ‘Е-инспектор’, алатка што ќе овозможи електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби под надлежност на Инспекцискиот совет. На овој начин ќе се намали субјективното влијание на инспекторот во спроведувањето на инспекцијата. Ќе се креира единствен регистар на недвижности за сè што е во државна сопственост, како и регистар на подароци, со што ќе се зголеми и нивото на одговорност на носителите на јавни функции“, изјави пратеникот од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Панична пропаганда се за Петрушевски обвинувањата од СДСМ за реформите во ВМРО-ДПМНЕ
„Обвинувањата на СДС се класичен пример на панична пропаганда без факти и без аргументи“, рече денес пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, одговарајќи на обвинувањата од СДСМ дека место нови лица старата банда е реформата во ВМРО-ДПМНЕ.
„Факт е дека Драган Ковачки поседува валиден НАТО сертификат, што целосно ги демантира лагите дека бил ’одбиен од НАТО’ или дека не исполнувал безбедносни услови. Сѐ друго е злонамерна конструкција за дневнополитички потреби. ВМРО-ДПМНЕ спроведува внатрепартиски реформи согласно Статутот и со јасна цел, ефикасна, одговорна и европски ориентирана партија. Обвинувањата за наводна контрола врз институции и медиуми се неосновани и доаѓаат од структури кои со години ја злоупотребуваа државата и сега се плашат од одговорност“, рече Петрушевски.
ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи Петрушевски, останува цврсто посветена на политиките што значат Македонија интегрирана во ЕУ, стабилен НАТО партнер и заштита на државните и националните интереси.
Македонија
Во 15 контејнери собран над еден тон текстилен отпад во Кисела Вода: жителите на Расадник со најголем интерес
Еден тон текстилен отпад е собран за само еден месец од поставувањето на првите контејнери за текстилен отпад на територијата на општина Кисела Вода, соопштија денес општинските власти.
Според податоците добиени од лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје, најголема количина е собрана од контејнерот поставен во населбата Расадник, што општинарите велат дека укажува на висок интерес и активна вклученост на граѓаните во процесот на селектирање и правилно одлагање на текстилниот отпад.
„Во моментов се поставени 15 контејнери на различни локации пред месните заедници, а паралелно се изработуваат уште 15 нови, кои во следната фаза ќе бидат поставени пред основните училишта и детските градинки. Со тоа, вкупниот број ќе достигне 30 контејнери, а иницијативата ќе добие и силна едукативна компонента, насочена кон најмладите“, велат од Општината.
Ова е првпат во општина Кисела Вода да се воспоставува ваков систем за собирање текстилен отпад, преку договорот што беше потпишан меѓу градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и Фаик Мифтари, управител на ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје.
„Со поставувањето на контејнерите за текстилен отпад правиме уште еден суштински исчекор кон современо, одговорно и одржливо управување со отпадот. Фактот што за само еден месец е собран еден тон текстилен отпад покажува дека граѓаните ја препознаваат важноста на оваа иницијатива. Ова партнерство не претставува само техничко решение, туку вложување во едукацијата, свеста и иднината на нашата заедница. Преку ваквите проекти испраќаме јасна порака дека заштитата на животната средина е заедничка обврска и трајна вредност. Искрена благодарност до ЕКО-ТЕКС ГРУП за нивната општествена одговорност и придонесот кон почиста и поздрава околина“, рече градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

