Македонија
Во Македонија 477 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица
Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 477 нови случаи на коронавирус од 2.452 тестирања. Оздравеле 331 пациент, а починале 10 лица, соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје се потврдени 221 случај, во Куманово-27, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-24, Тетово-12, Струга-3, Велес-7, Битола-15, Охрид-17, Кавадарци-20, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-5, Кочани-4, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-7, Валандово-2, Виница-4, Делчево-8, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-7, Ресен-10, Неготино-2.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 331 оздравен пациент, и тоа од: Скопје-126, Куманово-23, Дебар-8, Штип-1, Прилеп-21, Тетово-14, Струга-18, Велес-9, Битола-15, Охрид-21, Кавадарци-16, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-7, Крива Паланка-14, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-2, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-3, Неготино-9.
Починати се 10 лица – тројца пациенти од Скопје (63, 47 и 83), еден од Прилеп (77), еден од Тетово (50), еден од Струмица (88), еден од Битола (61), еден од Гостивар (80), еден од Гевгелија (60) и еден пациент од Пробиштип (66). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.590, бројката на оздравени пациенти е 68.695, на починати е 2.657, а бројот на активни случаи изнесува 16.238.
Досега во земјата се направени вкупно 423.696 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска сончево, од утре голема промена на времето
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 5, а максималните од 16 до 20 степени целзиусови.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 16 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.
Македонија
ЦУК: Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен
Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.
Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК.

