Свет
Германска студија: Ризикот од ширење на коронавирусот во концертни сали е незначителен
Ново истражување во Германија за движење на честички во воздухот во затворен простор покажа дека постои незначителен ризик од инфекција во добро проветрени концертни простории.
Научната студија, спроведена во концертната сала „Концертхаус“ во Дортмунд, со 1.500 седишта, траела три дена во ноември лани, а била организирана од институтот „Фраунхофер Хајнрих Херц“ со поддршка од германската федерална Агенција за животна средина.
Оваа студија следи по истражувањето од август наречено „Рестарт-19“ спроведено од Универзитетската болница Хале, чии резултати беа објавени во октомври и заклучија дека, со соодветна вентилација, настаните во живо во ваквите простории претставуваат низок до многу низок ризик за пренесување на заразата.
За разлика од студијата „Рестарт-19“, во која учествуваа волонтери, студијата во Дортмунд користела високо-технолошка кукла, наречена Олег, за да симулира човечко дишење во „Концертхаус“.
„За време на студијата, на 2, 3 и 20 ноември, тим научници измерија трансфер на аеросоли во концертната сала, вклучувајќи ги и аудиториумот и фоајето. Нивниот заклучок е дека под одредени услови, ако местото има доволно снабдување со свеж воздух и дека сите присутни носат маски, ризикот некој да зарази здрави посетители на концерти со коронавирус преку воздух може да биде речиси исклучен“, се вели во соопштението на „Концертхаус“.
„Концертните сали и театри не се места на зараза. Изминатите месеци покажаа дека на политиката ѝ е потребна научно цврста основа за донесување одлуки. Со нашата студија, сакаме да осигуриме дека концертните сали и театрите можат да примат публика кога повторно ќе бидат отворени“, вели д-р Рафаел фон Хоенсброех, директор на „Концертхаус“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.
Свет
Францускиот министер за надворешни работи: Гренланд не е на продажба, уцените мора да престанат
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денес изјави дека Гренланд „не е на продажба“ и ги повика САД да престанат, како што рече, со „уцените“.
„Напад врз друга членка на НАТО не би имал никаква смисла, дури би бил против интересите на Соединетите Американски Држави, и затоа оваа уцена очигледно мора да престане“, рече Баро за RTL.
Тој потврди дека Франција ја поддржува Данска и го најави отворањето на францускиот конзулат на островот на 6 февруари, што го означи како политички сигнал.
„Не ја изгубивме војната, играта не е завршена, топката е во дворот на европските парламентарци“, рече министерот, алудирајќи на дипломатските тензии во врска со Гренланд, објави Ројтерс.
Во истото интервју, Баро ги критикуваше иранските власти за потиснување на демонстрациите низ целата земја, велејќи дека оваа репресија е „најнасилна во модерната историја на Иран“ и дека „апсолутно мора да престане“.

