Македонија
(Видео) СДСМ: Мицкоски да не се плаши, на пописот не се гласа

Мицкоски да не се плаши, на пописот не се гласа. Тоа не се избори и таму нема победници и губитници, порача денеска Стефан Васев од СДСМ.
„Денеска од овде, од пред белиот дворец, симболот на криминалот на режимот, на уплашениот Христијан Мицкоски сакаме да му порачаме: По шест изборни порази можеме да разбереме дека Мицкоски има страв од граѓаните, но не треба да се плаши, на пописот не се гласа, тоа не се избори, тоа е статистичка операција. Доста се неразумни блокади, кочења, полиризација. Успешниот попис Мицкоски може да го смета за уште еден негов пораз, но пописот не се избори таму нема губитници и победници“, рече Васев.
Како што додаде, со успешен попис добиваат граѓаните и државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мансиевски: Филипче да одговори за акциите во индиската авиокомпанија, златната виза и модуларната болница

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателолт на СДСМ, Венко Филипче, да и да одговори на јавноста за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза и за пресудата за Модуларна болница
„Одморот на Филипче во Дубаи, кој го помина заедно со неговиот ментор Заев, во увид на градежни активности на 50-катницата и забава со Харис Џиновиќ, на којашто веројатно ги трошеле заработените милионски суми од акциите во индиската авиокомпанија, го збунија Филипче и го оттргнаа од реалноста во која не доведоа токму тој и неговиот ментор, Заев. Филипче се појави на прес-конференција во понеделникот, на којашто изнесе премногу лаги и манипулации во јавноста, и одлучи повторно да го снема“, рече Манасиевски.
Тој заклучи дека да биле Филипче или Зоран Заев на власт, немаше да имаме стратешки договор, како тој што денес ќе биде потпишан меѓу владите на Македонија и Велика Британија.
Македонија
Македонски државјанин лажно се претставувал како лекар во Хрватска, измамил повеќе семејства

Загрепската полиција предупредува на измамници што го користат стравот на родителите и им земаат пари.
Измамник од Македонија лажно се претставувал како лекар искористувајќи го најголемиот човечки страв – потенцијалната загуба на дете, пишува „Дневник.хр“.
Луѓето, водени од паника и сожалување, плаќале, а потоа лекарот исчезнувал без трага. Но, загрепската полиција му ги уништила плановите.
„Едно лице се претставува како лекар, кој вели: ‘Вашето дете е во животна опасност. Се случи голема трагедија или несреќа. Потребни се пари за таа тешка операција’“, рече Марија Гоати, портпарол на полициската управа во Загреб.
За да го спасат своето дете, осум родители му предаваат пари на помлад маж на прометните улици во Загреб. Осум граѓани вкупно биле оштетени за повеќе од 270 илјади евра.
Измамникот по потекло од Македонија има 26 години и во моментот е зад решетки. Од Комората на матичните лекари апелираат пациентите да не наседнуваат на лажни лекари, кои им доаѓаат на прагот.
„Секогаш даваме таргетирани соопштенија, во договор со пациентите. Доаѓаме на домашни посети. За сè друго што оди ад хок, се разбира, треба да се посомнева“, изјави докторката Даворка Дошен-Мрак.
Иако еден измамник заврши зад решетки – загрепската полиција веќе трага по нов, кој на сличен начин измамил уште две загрепски семејства.
Македонија
Сиљановска-Давкова прими делегација на Уставниот суд на Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со делегацијата на Уставниот суд на Република Хрватска, предводена од претседателот на судот, Мирослав Шепаровиќ, во придружба на претседателот на македонскиот Уставен суд, Дарко Костадиновски.
Соговорниците оценија дека со оваа посета, која се реализира по дведецениска пауза, се обновува меѓусебната соработка што треба да продолжи да се интензивира и да се продлабочи заради размена на искуства и учење едни од други.
Како професорка по уставно право, претседателката Сиљановска-Давкова ги нотира и објасни забелешките и недостатоците на нашите уставни решенија за Уставниот суд во споредба со оние за Уставниот суд на Хрватска. Таа изрази заложба за пошироки надлежности во заштитата на човековите слободи и права, изборите и референдумот, но и преиспитување на некои од нив, како и прецизирање и заострување на условите за стекнување статус на уставен судија.
Претседателката укажа дека Уставниот суд треба да дејствува како четврта власт, односно медијатор меѓу трите власти.
На средбата се дискутира и за хрватското искуство со Уставниот закон за Уставен суд, како и проблемите врзани за отсуството на законско регулирање на уставно-правните прашања кај нас.
Хрватските уставни судии искажаа подготвеност да помогнат во забрзувањето на македонскиот евроинтегративен процес истакнувајќи ги бенефитите од членството како за членките така и за ЕУ.
Заблагодарувајќи се на поддршката, претседателката истакна дека хрватските лекции од процесот на евроинтеграциите може да бидат драгоцени за нас.