Македонија
Заев во разговор со регионалниот директор на СЗО: Добивме 8.000 вакцини од Србија, тие се за здравствените работници

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за здравство, Венко Филипче, преку интернет-конференциска врска одржа состанок со регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, и сo претставници на СЗО.
Како што информираат од владината прес-служба, на средбата биле истакнати напорите на СЗО, нејзините партнери и нашата земја за динамизирање на постапката за обезбедување вакцини преку „Ковакс-програмата, при што бил истакнат аспектот на почитување на основните вредности што притоа се покажуваат, а тоа е пријателството и солидарноста на европските земји и земјите во регионот на Западен Балкан.
Премиерот Заев информирал за 8.000 дози вакцини што ќе пристигнат од Србија и кои ќе бидат наменети за сите здравствени и медицински работници на кои заедно со претставникот на СЗО им упатил јавна благодарност за покажаната хуманост и пожртвуваност во изминатите месеци додека трае епидемијата.
Во фокусот на разговорот биле и информациите за актуелната состојба во Северна Македонија со заразени од коронавирусот.
„За време на празниците, овде, во Северна Македонија, беа воведени димензионирани мерки со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се амортизира ударот кон здравствениот систем и поддршката од граѓаните, со целосно почитување на мерките, а тоа доведе до тоа сега да имаме стагнација на ширењето на вирусот“, рекол Заев додавајќи дека и понатаму остануваат во сила мерките и препораките со цел заштита на населението и здравствениот систем.
Претставникот на СЗО ја истакнал добрата соработка со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, притоа упатувајќи поддршка за кооперативноста на Северна Македонија во рамките на Берлинскиот процес изразувајќи надеж дека ќе продолжи и ќе се динамизира координацијата со земјите од Западен Балкан и Европската Унија за успешно справување со ковид-кризата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена облачност, максималната температура до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни. Дневната температура значително ќе опадне, особено во деновите од викендот и почетокот на следната седмица.
Македонија
Граѓаните плаќаат за чиста средина, а не за депонии и ѓубришта: Митески најави кривична против ЈП „Комунална хигиена“доколку не реагира за отпадот

Комуналните служби на Општина Аеродром само денеска собраа над 10 тони отпад (50м3) кои завршија во „Дрисла“, соопшти в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
„Ова не е еднократна акција – ова е наша секојдневна работа. Нашите општински служби се на терен, додека Градското комунално претпријатие кое треба да ја изврши оваа работа, е неажурно и немо. Доста е“.
Граѓаните, додава тој, плаќаат за чиста и уредна средина, а не за депонии и ѓубришта. Напоменува дека никој нема право да го загрозува здравјето и иднината на децата.
„Од утре продолжуваме уште поинтензивно.
Ако нема веднаш реакција од ЈП „Комунална хигиена“, како градоначалник ќе поднесам кривична пријава за загрозување на животната средина согласно член 218 од Кривичниот законик, и секојдневно ќе барам постапување од Обвинителството и МВР“, објави Митески.
Ова, како што истакна, не е политика, туку прашање на достоинство, здравје и иднина.
Македонија
Мицкоски: Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на кандидатурата на Јане Мицевски за градоначалник на Општина Сопиште, како и на кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
„Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште.
Ветуваме реализација на многу проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата, ќе создадат нови можности за младите и ќе придонесат за економски развој и модернизација на општината. Заедно, со посветеност и транспарентност, ќе изградиме Сопиште какво што сите го посакуваме.
Јане Мицевски е вистинскиот избор за Сопиште“, објави Мицкоски.