Свет
(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма
Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се прости од нацијата со проштален говор, но таму не го дочека ниту еден од угледните функционери.
Трамп зборуваше пред неколку приврзаници, како што објавија американските медиуми. Тој ги пофали своите достигнувања, не го спомна Џо Бајден, но исто така се воздржа од оспорување на изборните резултати.
LIVE – Trump arrives at Joint Base Andrews and is escorted to stage for a 21-gun-salute https://t.co/IDl2iqjfvc
— PresserWatch (@PresserWatch) January 20, 2021
Таму не беше ни потпретседателот Мајк Пенс, кој се извини поради обврските да замине на инаугурацијата на Бајден, ниту лидерите на републиканците во долниот и горниот Конгрес на САД, Мич Меконел и Кевин Мекарти, кои беа во катедралата на мисата по покана на идниот американски претседател Бајден.
Поканите за испраќање на Трамп беа доставени до неговите поранешни соработници, кои беа со него за време на мандатот, вклучително и оние што го критикуваа, но некои одговорија порачувајќи дека нема да одат затоа што ќе треба да бидат во воздухопловната база до шест наутро или затоа што сметаат дека претседателот во заминување е „политички токсична стока“.
„Да не нè погодеше пандемијава, ќе имавме економски бројки како никогаш порано. Берзата е на повисоки нивоа отколку порано. Економијата ја изградивме двапати. Ќе видите неверојатни бројки во иднина“, рече тој.
„Ние ги имаме најголемата земја и најдобрата економија во светот. Пандемијата нè погоди силно, исто како и целиот свет. Направивме нешто што се смета за медицинско чудо, а тоа е вакцината против Ковид-19. Ние ја развивме за 9 месеци наместо за пет години. Наскоро доаѓа друга вакцина“, рече Трамп.
„Збогум, ве сакаме, ќе се вратиме во некоја форма. Им благодарам на Мајк Пенс и на неговата сопруга Карен. Му благодарам на Конгресот или барем на некои елементи на Конгресот. Благодарност до сите големи луѓе во Вашингтон со кои работевме. Имајте добар живот и ќе се видиме набргу“, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американска конгресменка обвинета за кражба: ѝ се заканува затворска казна до 53 години
Конгресменка од САД е обвинета за кражба на 5 милиони долари од федералните фондови за катастрофи. Во обвинението се тврди дека Шила Черфилус-Меккормик испрала дел од парите на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) преку нејзината изборна кампања во 2021 година.
Главниот обвинител Пам Бонди го нарече тоа „особено себичен, циничен злостор“. 46-годишната демократка е под истрага на Комитетот за етика на Претставничкиот дом и може да се соочи со исклучување од Конгресот.
Черфилус-Меккормик, која беше избрана во Конгресот во 2022 година, тврди дека е невина и вели дека ќе го исчисти своето име. Доколку биде осудена, се соочува со затворска казна до 53 години, објави Би-Би-Си.
Се обидела да го скрие изворот на парите
Измамата наводно била извршена преку компанија за здравствена заштита управувана од конгресменката и нејзиниот брат, 51-годишниот Едвин Черфилус, ко-обвинет во случајот. Черфилус-Меккормик во тоа време била извршена директорка на семејниот бизнис, „Тринити Хелткеар Сервисиз“.
Компанијата добила договор со ФЕМА за регистрација на луѓе за вакцини против Ковид, но во јули 2021 година, таа добила преплата од 5 милиони долари федерални средства, според Министерството за правда. Братот и сестрата наводно се обиделе да го сокријат изворот на парите со тоа што ги пренасочиле преку неколку сметки и на крајот користеле „значаен дел“ од нив за нејзината кампања.
Черфилус-Меккормик и друго лице именувано во обвинението наводно пренасочиле средства од договор со ФЕМА кон пријатели и роднини, кои ги донирале парите назад во нејзината кампања како лични прилози, рекоа обвинителите.
„Никој не е над законот, а најмалку моќни луѓе кои ги ограбуваат даночните обврзници за лична корист. Ќе ги следиме фактите во овој случај и ќе донесеме правда“, рече главниот обвинител. Големата федерална порота во Мајами го одобри обвинението во средата.
„Ова е неправедно, неосновано, лажно обвинување. Јас сум невина. Длабоко сум благодарна за поддршката на мојот округ и останувам уверена дека вистината ќе победи“, рече Черфилус-Меккормик.
„Ќе се бориме да го исчистиме нејзиното име“, додадоа нејзините адвокати, Дејвид Оскар Маркус, Маргот Мос и Мелиса Мадригал.
Републиканскиот конгресмен Грег Стуб од Флорида објави дека ќе предложи резолуција за исклучување на Черфилус-Меккормик од Конгресот.
„Измамата на федералната влада и жртвите од катастрофата за 5 милиони долари е автоматска дисквалификација од вршење на изборна функција“, рече тој во објава на социјалните мрежи.
фото: принтскрин
Свет
Венс: Русите и Украинците да патуваат и да соработуваат, не да се убиваат
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека смета оти Русија и Украина треба да тргуваат и да се вклучат во културни размени наместо да војуваат. Во разговор за „Бреитбарт њуз“, Венс рече дека администрацијата на Доналд Трамп ја користи економската моќ за да поттикне завршување на конфликтите ширум светот.
Тој наведе дека Трамп работи на повеќе мировни договори и дека, според него, заслужува Нобелова награда за мир. Венс го опиша Трамп како тврд, но ненасилен и истакна дека неговиот пристап кон рускиот и украинскиот конфликт се темели на идејата за соработка наместо насилство.
Коментарите уследија по извештаите на американски медиуми за нов мировен план што наводно го одобрил претседателот Трамп.
Свет
Санкциите на САД кон „Лукоил“ и „Роснефт“ стапуваат во сила
Санкциите што ги воведоа САД врз руските нафтени гиганти Лукоил и Роснефт, објавени од Министерството за финансии во октомври, стапуваат во сила денеска.
САД ги ставија Лукоил и Роснефт, како и десетици нивни подружници, на списокот на специјално назначени лица на ОФАЦ (Канцеларија за контрола на странски средства).
Според Вашингтон, санкциите имаат за цел да го зголемат притисокот врз Кремљ поради недостатокот на сериозна посветеност на Русија кон мировниот процес во Украина.
Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека администрацијата е подготвена да преземе дополнителни чекори доколку е потребно.
Бигарските медиуми потсетуваат дека парламентот во таа земја донесе закон со кој се дозволува назначување на специјален менаџер во рафинеријата Лукоил во Бургас, со цел да се обезбеди континуитет на работата по 21 ноември. САД одобрија ослободување од одговорност за бугарските компании поврзани со Лукоил, кое важи до 29 април 2026 година, и овозможува нормално работење на рафинеријата во Бургас.

