Македонија
72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 45, Куманово – 4, Тетово – 4, Гостивар – 4, Штип – 4, Кавадарци – 3, Струга – 4, Кичево – 1, Свети Николе – 1, Неготино – 1, Дебар – 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1023 оздравени пациенти од: Скопје – 511, Куманово – 51, Тетово – 32, Прилеп – 46, Гостивар – 29, Штип – 17, Битола – 34, Велес – 38, Струмица – 26, Кавадарци – 50, Кочани -22, Кичево – 11, Свети Николе – 5, Гевгелија – 15, Неготино – 21, Дебар – 22, Ресен – 3, Крива Паланка – 20, Радовиш – 23, Берово – 9, Делчево – 1, Пробиштип – 3, Виница – 4, Валандово – 5, Македонски Брод – 2, Богданци – 6, Крушево – 3, Демир Капија – 2, Пехчево – 11, Дојран – 1.
Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (74, 69, 93 и 87), три од Прилеп (69, 76 и 57), еден пациент од Велес (51), еден од Неготино (80), еден од Дебар (71), еден од Радовиш (66), еден од Македонски Брод (66) и еден пациент од Кратово (76).Од нив еден пациент е починат надвор од, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.463, бројката на оздравени пациенти е 74.800, на починати е 2739, а бројот на активни случаи изнесува 11.924. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 38853, активни 7027
• Куманово 5050, активни 436
• Тетово 4977, активни 456
• Прилеп 4482, активни 267
• Гостивар 3546, активни 316
• Штип 3447, активни 167
• Битола 3174, активни 226
• Велес 2970, активни 310
• Охрид 2664, активни 367
• Струмица 2479, активни 365
• Кавадарци 2411, активни 366
• Струга 2152, активни 175
• Кочани 1702, активни 120
• Кичево 1671, активни 150
• Свети Николе 1061, активни 48
• Гевгелија 954, активни 116
• Неготино 945, активни 154
• Дебар 725, активни 106
• Ресен 712, активни 113
• Крива Паланка 705, активни 72
• Радовиш 676, активни 53
• Берово 567, активни 51
• Делчево 538, активни 155
• Пробиштип 482, активни 33
• Виница 476, активни 40
• Валандово 325, активни 24
• Демир Хисар 241, активни 13
• Македонски Брод 239, активни 14
• Богданци 214, активни 32
• Кратово 209, активни 15
• Крушево 192, активни 33
• Македонска Каменица 189, активни 47
• Демир Капија 179, активни 36
• Пехчево 175, активни 14
• Дојран 81, активни 7
Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-84, ЦЈЗ Скопје – 39, Авицена – 155, Биотек-78, МАНУ – 59, Жан Митрев (Филип Втори) – 89, Систина со PCR метода -100, лабораторија Лаор –61, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективна клиника – 2, ГАК-0, Синлаб – 27, Ремедика – 24, лабораторија болница Козле – 0, ЈЗУ (рапид тест) – 75, УК Пулмологија со алергологија – 0, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 435.361 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска е Божик – денот на христовото раѓање
Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутрината се одржуваат божикни литургии.
Божик е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Денеска воедно завршува 40-дневниот пост и овој ден се прославува со богата трпеза со мрсни јадења.
Со Божик е поврзана и поговорката: „Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си” што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.
На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо. На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село. Божик, според црковниот календар, се празнува три дена.
Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.Во некои краеви на овие празници, луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко и сл. слават именден на Божик, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Св.Стефан.
Од Божик почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето. Затоа од Божик до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии – апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.

