Забава
Серена Вилијамс тренира со својата ќерка Олимпија
Таа во моментот е во Австралија каде што се подготвува за следниот гренд слем тениски турнир „Австралија опен 2021“.
Серена Вилијамс неодамна на својот „Тик-ток“ сподели видео што било направено пред таа да замине од дома.
Легендата на тенисот може да се види како игра со својот тренинг-партнер – тригодишната ќерка Олимпија.
Серена е во брак со Алексис Оханијан, коосновач на „Редит“, со кого се омажи во 2017 година во Њу Орлеанс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија по инцидент што пејачот го предизвикал зад сцената
Холандскиот пејач Јост Клајн е дисквалификуван од Евровизија по инцидент зад сцената.
Изведувачот нема да пее на денешното финале на Евровизија, откако членка на продуцентската екипа до шведската полицја изнесе наводи за заплашување.
„Не би било соодветно да го продолжи натпреварот додека трае истрагата“, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организатор на Евровизија.
„Сакаме јасно да ставиме до знаење дека, спротивно на некои медиумски извештаи и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не се вклучени други изведувачи или членови на делегацијата“, се додава во соопштението.
ЕБУ вели дека инсистира на политика на нулта толеранција за какво било несоодветно однесување и е посветена на безбедна и сигурна работна средина за сите што учествуваат на натпреварот.
Во овој поглед, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за кршење на правилата на натпреварувањето, додаваат од ЕБУ.
Клајн беше меѓу фаворитите за победа.
Исклучувањето на Холандија значи дека во финалето нема да има 26, туку 25 земји.
Забава
(Видео) Хрватскиот претставник на „Евровизија“ со радост го дочека пласманот на Србија во финалето
Во моментот кога Србија беше прогласена за финалистка на Евровизија, Теја Дора и нејзиниот тим скокаа и се радуваа, а реакцијата на претставникот на Хрватска, Бејби Лазања го привлече вниманието на многумина, пренесуваат српските медиуми.
„Тој беше пред нашата претставничка во бекстејџот, а кога слушна дека Србија оди во финале почна да се радува и удира со рака на подот, а потоа се поздравија со Теја Дора“, пишува „Сити магазин“.
See you in the Finals! ❤️
The strength is inside of us. Every person has their own Northen Star to guide them and inner Ramonda resilience to trive. 🌸
Vote for Serbia! 🇷🇸Srbija je u finalu Pesme Evrovizije 2024, a ovo je naš put! ✨
Hvala na podršci! 🫶 pic.twitter.com/MVXRagGBtp— RTS | Serbia ESC (@SerbiaESC) May 9, 2024
Во големото финале на Евровизија, пласман од земјите од регионот обезбедија Србија, Хрватска и Словенија.
Забава
Хороскопски знаци кои ги очекува голем прилив на пари до крајот на следната недела
ОВЕН
Пред вас е уште една успешна недела за пари. Парите се лепат за вас, a покрај пари ќе добиете и вредни подароци.
БИК
Планетите во вашиот знак ви даваат одлични можности на сите полиња од животот. Моментално сте еден од најмоќните знаци на Зодијакот, па ќе имате и многу пари.
ЈАРЕЦ
Со помош на креативна енергија и уникатни идеи, можете да заработите пари на основа на големи проекти.
СТРЕЛЕЦ
Добрите аспекти на Сатурн ќе поттикнат да ги добиете парите што сте ги заработиле со напорна работа. Тоа може да биде работа што ја работите од дома, како и дополнителен проект со скратено работно време.
Хороскопскиот знак кој треба да игра игри на среќа е Риби.