Македонија
(Видео) Маричиќ: Време е да сфатиме дека пописот е повеќе од само пребројување на етничките заедници
Министерот за правда Бојан Маричиќ говорејќи денеска на онлајн конференцијата во организација на „Рома интеграцион центрум“ го поздрави донесувањето на Законот за попис во Собранието.
Министерот кажа дека е време да се престане да се гледа на пописот како на политичко прашање, кое служи само за да се пребројат етничките заедници во нашата земја и како општество да се фокусираме на тоа како пописот може да биде своевиден катализатор на развојот на државата и планирањето на политиките, особено за најранливите категории граѓани.
„Без да знаеме колку точно жители има некој град, село или населено место, што точно работат, какво образование имаат, со каков имот располагаат, што точно им е потребно, нема да можеме да креираме долгорочни развојни политики и да имаме соодветен слух за потребите на сите граѓани. Нашата држава повеќе не може да си дозволи ‘луксуз’ и да остане без попис уште неколку години. Дотолку повеќе што државите членки на Обединетите нации се обврзани спроведуваат попишување на населението и имотот“, изјави Маричиќ.
Министерот кажа дека покрај населението со потписот ќе се попишат и нашинците во странство, односно дијаспората, а во Заводот за статистика веќе се изработува и посебна промотивна кампања преку која на овие лица детално ќе им се објасни како да учествуваат во процесот, за сите да можат да го искористат своето право.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

