Контакт

Свет

Случај „Реџени“: Обвинителството во Рим бара судење на египетските офицери

Објавено пред

Јавниот обвинител во Рим официјално побара правна постапка против четворица офицери на египетската Агенција за национална безбедност обвинети за убиството на италијанскиот студент Џулио Реџени во Каиро во 2016 година.

dobivaj vesti na viber

Италијанските новински агенции ја цитираат Канцеларијата на Јавното обвинителство, која вели дека четворицата офицери, генерал-мајор Тарик Сабер, полковник Азер Камел Мухамед Ибрахим, полковникот Хусам Хелми и мајорот Ибрахим Абдел ал-Шариф, се обвинети за киднапирање, заговор за извршување убиство и нанесување тешка телесна повреда.

Неидентификувани напаѓачи го киднапираа италијанскиот студент Џулио Реџени, кој во тоа време имал 28 години, во јануари 2016 година. Регени бил во Египет да ги истражува синдикатите, кои локалните власти ги сметаат за политички чувствителна тема. Неколку дена подоцна телото на Реџени беше пронајдено осакатено и со знаци на тортура во едно предградие на Каиро.

Италијанските истражители ги обвинија египетските разузнавачки служби за измачување на Реџени со денови со палење делови од неговото тело и удирање клоци и тупаници, покрај тоа што користеле ладно оружје и палки пред да го убијат. Сепак, Каиро ги отфрла овие обвинувања.

Италијанските власти во 2018 година идентификуваа петмина осомничени што работеле за египетската Служба за разузнавање. Италијанското Јавно обвинителство ги отфрли обвиненијата против еден од осомничените заклучувајќи дека жртвата починала поради респираторна слабост предизвикана од ударите што му биле нанесени.

Ако судијата во претходна постапка се согласи да го почне судењето, тоа ќе се одржи во отсуство поради одбивањето на египетските власти да ги екстрадираат осомничените.

На 31 декември италијанската влада информира дека одлуката на египетското Јавно обвинителство да ги отфрли обвиненијата против осомничените агенти на Националната безбедност е неприфатлива.

Случајот предизвика тензија меѓу Каиро и Рим бидејќи Италија ги обвинува египетските власти дека одбиваат соработка, па дури и дека ги довеле во заблуда италијанските истражители. Сепак, Египет купи две фрегати од Италија во вредност од 1,2 милијарда евра во јуни минатата година во знак на закрепнување на билатералните односи меѓу двете земји.

Европа

Руски дронови погодија станбена зграда во Харков: има повредени, избувна пожар

Објавено пред

Руски беспилотни летала погодија станбена зграда во Харков, вториот по големина град во Украина. Во нападот избувна пожар, неколку лица беа повредени, а властите евакуираа дел од населението, објави Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Беспилотни летала погодија две централни градски области – Слобидски и Основјански – по полноќ.

Регионалниот гувернер Олех Сињехубов изјави дека во нападот биле употребени 11 беспилотни летала и дека седум лица се повредени. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека 22 жители биле евакуирани од еден дел од оштетената зграда.

Градоначалникот, исто така, рече дека друг дрон го погодил подрачјето пред медицинската установа, повредувајќи еден лекар и оштетувајќи ја зградата и околните возила.

Харков, кој се наоѓа на околу 30 километри од руската граница, успешно се спротивстави на заземањето во раните фази од руската инвазија во февруари 2022 година и останува честа цел на руските воздушни напади.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Мадуро: САД нè провоцираат, нападот би бил крај на кариерата на Трамп

Објавено пред

Претседателот на Венецуела предупреди дека секоја американска воена интервенција во неговата земја би значела „политички крај“ за американскиот претседател Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Во телевизиско обраќање во понеделник, Николас Мадуро рече дека оние околу Трамп „провоцираат“ вооружена акција што, како што рече, „ќе го доведат Трамп до крајот“.

Тој додаде дека постои „напор од страна на моќни сектори во САД да го уништат Трамп“ користејќи ја ситуацијата во Венецуела.

„Тие сакаат претседателот Трамп да ја направи најголемата грешка во својот живот и да тргне воено против Венецуела, што би бил политички крај на неговото водство и неговото име. Тој е под притисок и провоциран“, рече Мадуро.

Оваа „провокација“, продолжи тој, „доаѓа од неговите противници и познати непријатели, но и од луѓето околу него кои веќе сметаат на периодот по Трамп и не се грижат дали ќе му наштетат“.

Мадуро рече дека не знае кои би можеле да бидат тие непријатели и призна: „Да знаев, не би кажал кој е тоа“.

Претседателот, исто така, рече дека Венецуела е подготвена за директен дијалог со Вашингтон, повторувајќи дека дипломатијата и потрагата по „заеднички точки“ остануваат цврста и непроменета позиција на неговата влада.

Мадуро истакна дека „16 недели закани, психолошка агресија и надзор“ „разбудија ревитализирани и мобилизирани боливарски национални вооружени сили, проширена и подобро обучена боливарска милиција и заедница која мирно ги спроведува своите планови и ја поддржува својата армија“.

Одговор на Трамп
Трамп во неделата изјави дека „може да има разговори“ со Мадуро „затоа што Венецуела сака да разговара“, иако подоцна наговести дека веќе е донесена одлука за тоа какви мерки да се преземат кон карипската земја, без да даде детали.

Американскиот Стејт департмент во неделата објави дека ќе ја означи групата Картел де лос Солес, која Вашингтон ја поврзува со Мадуро, како странска терористичка организација од 24 ноември. Венецуела ја отфрли изјавата како „измислица“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп се приближува до најнискиот рејтинг од првиот мандат и најлошите бројки на Бајден

Објавено пред

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на 38 проценти, што е најниско ниво откако се врати во Белата куќа во јануари, бидејќи Американците се незадоволни од неговото справување со кризата со високите трошоци за живот и аферата Епштајн, покажа анкета на Ипсос за Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Четиридневната истрага, која заврши во понеделник, доаѓа во време кога влијанието на Трамп врз неговата Републиканска партија покажува знаци на опаѓање.

Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, гласаше во вторник да го принуди Министерството за правда да објави документи за покојниот Џефри Епштајн, осуден сексуален престапник. Трамп долго време се спротивставуваше на тоа, но одеднаш се предомисли во недела. Законот сè уште мора да биде одобрен од Сенатот и потпишан од Трамп.

Анкетата покажа дека поддршката за Трамп опаднала за два процентни поени откако анкетата беше спроведена на почетокот на ноември.

Анкетата, спроведена онлајн, опфати 1.017 граѓани низ САД и има маргина на грешка од три процентни поени.

Неговата популарност сега е близу до најниските нивоа забележани за време на неговиот прв мандат во Белата куќа и близу до најниските рејтинзи на неговиот демократски претходник, Џо Бајден. Најниската поддршка на Бајден беше 35 проценти, а најниската на Трамп во неговиот прв мандат беше 33 проценти.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 минути

Руски дронови погодија станбена зграда во Харков: има повредени, избувна пожар

Руски беспилотни летала погодија станбена зграда во Харков, вториот по големина град во Украина. Во нападот избувна пожар, неколку лица...

Свет15 минути

Мадуро: САД нè провоцираат, нападот би бил крај на кариерата на Трамп

Претседателот на Венецуела предупреди дека секоја американска воена интервенција во неговата земја би значела „политички крај“ за американскиот претседател Доналд...

Европа1 час

Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот Краснодар

Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија...

Свет1 час

(Видео) Јапонскиот град Оита во пламен: зафатени 170 објекти, едно лице е исчезнато

Пожар зафати повеќе од 170 објекти во јужен јапонски крајбрежен град, гореше преку ноќ и сè уште не е целосно...

Свет1 час

Пет туристи загинаа во снежна бура во Чиле: двајца Германци, двајца Мексиканци и еден Британец

Спасувачките екипи со часови бараат група туристи кои исчезнаа во снежна бура во Националниот парк Торес дел Пајне во Чиле,...

Свет2 часа

(Видео) Новинарка на „Еј-би-си“ го праша американскиот претседател за Епштајн, Трамп: „Треба да ти се одземе дозволата“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека на подружниците на „Еј-би-си“, во сопственост на Волт Дизни, треба да им...

Македонија11 часа

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не...

Македонија13 часа

Само еден месец по отворањето, Штип го издава Дино паркот под ќирија на 15 години

Еден месец откако беше промовиран, Дино паркот во Штип, со одлука на Советот на општината ќе биде даден под ќирија...

Македонија15 часа

100 дена протести во Љубојно: Жителите бараат запирање на сечата на шумата

Жителите на преспанското село Љубојно информираа дека во среда, 19 ноември, ќе се навршат 100 дена откако секое утро одат...

Македонија18 часа

(Видео) Мециновиќ за „Пулс“: На почетокот на декември ќе биде свикана анкетна комисија, да утврдиме каде потфрлиле институциите

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната...

Македонија21 час

ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд, во делови од Западна Македонија се создадоа водни површини под подвозниците и надвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Македонија22 часа

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...

Македонија22 часа

23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејства, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија...

Македонија23 часа

Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги...

Македонија23 часа

Почна пријавувањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата

„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или...

Регион23 часа

(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од...

Европа1 ден

(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: многу населби без струја

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен...

Регион1 ден

Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет1 ден

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...