Македонија
Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица
Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 2.013 тестирања, а регистрирани се во: Скопје-179 случаи, Куманово-24, Тетово-14, Прилеп-5, Гостивар-8, Штип-13, Битола-1, Велес-11, Охрид-18, Струмица-7, Кавадарци-13, Струга-4, Кочани-8, Кичево-4, Свети Николе-2, Гевгелија-1, Дебар-4, Ресен-1, Крива Паланка-3, Берово-4, Делчево-10, Пробиштип-5, Виница-1, Богданци-3, Крушево-1, Демир Капија-2, Пехчево-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 378 оздравени пациенти од: Скопје-270, Куманово-13, Тетово-11, Прилеп-15, Гостивар-4, Штип-5, Битола-3, Велес-6, Струмица-9, Кавадарци-8, Струга-1, Кочани-4, Кичево-5, Свети Николе-2, Гевгелија-2, Неготино-4, Ресен-3, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-2, Богданци-1, Кратово-1, Крушево-1, и Пехчево-1.
Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.). Еден е починат вон, останатите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.471, бројката на оздравени пациенти е 76.423, на починати е 2.779, а бројот на активни случаи изнесува 11.269.
Досега во земјата се направени вкупно 441.134 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

