Свет
Крајбрежната стража на Индонезија заплени ирански и панамски танкер
Индонезија соопшти во неделата дека нејзината крајбрежна стража ги запленила танкерот „МТ хорс“, кој пловел под знаме на Иран, и панамскиот танкер „МТ Фреја“ поради сомневање за нелегално пренесување гориво, пренесува „Ројтерс“.
Во соопштението на портпаролот на крајбрежната стража, Висно Прамандита, се вели дека танкерите, запленети во водите крај провинцијата Калимантан, биле придружени до островот Батам, во провинцијата Ријау Ајленд, за понатамошна истрага.
„Танкерите, откриени во 5:30 часот наутро по локално време, го криеја својот идентитет не покажувајќи ги своите национални знамиња, исклучувајќи ги системите за автоматска идентификација и не одговарајќи на радио повиците“, се вели во соопштението. „Имаше и излевање нафта околу ‘МТ Фреја’“.
Меѓународната поморска организација бара од пловните објекти да користат транспондери за безбедност и за транспарентност. Екипите можат да ги исклучат уредите ако постои опасност од пирати или слични опасности, но транспондерите честопати се исклучуваат за да се сокрие локацијата на бродот за време на недозволени активности.
Иран, кој не ја коментираше заплената, е обвинет за прикривање на целта на продажбата на нафта со оневозможување на системите за следење на неговите цистерни, што ја отежнува проценката на извозот на сурова нафта на Техеран, кој се спротивставува на санкциите од САД.
Во 2018 година, поранешниот претседател Доналд Трамп го повлече Вашингтон од иранскиот нуклеарен договор и повторно воведе санкции за Иран со цел извозот на нафта во Техеран да се сведе на нула. Иран минатата година го испрати „MT хорс“ во Венецуела за да испорача 2,1 милиони барели ирански кондензат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.