Македонија
ЧИСТ ВОЗДУХ! Инвестирајте во поздрава иднина на вашите деца
Една од најголемите грижи на секој родител во подглед на иднината на своето дете е како да го заштити од енормното ниво на загадување на воздухот и да му обезбеди поздрави услови за живеење.
Покрај надворешното, загадувањето се случува и внатре во домот, коешто, за среќа, можеме да го контролираме. Развојот на технологијата работи на формирање решенија за подобра иднина и обезбедување на почиста и побезбедна средина за живеење, што е предуслов за здрави генерации.
Решенијата на Daikin ветуваат поздрав и поквалитетен воздух во домот благодарение на иновативната технологија Flash Streamer, која е вградена во голем број од производите на Daikin.
Daikin прочистувачите за воздух имаат моќ да ги совладаат штетните загадувачи, така што ги уништуваат најситните ПМ 2,5-честички од прав, полен, бактерии и вируси.
Последното истражување на Daikin Industries покажа дека Flash Streamer технологијата која се содржи во прочистувачите го деактивираат SARS-CoV-2 вирусот до 99,97% по 3 часа озрачување на истиот.

Овие прочистувачи вшмукуваат воздух преку три насоки, нивниот електростатички HEPA филтер ефикасно ги заробува загадувачите, а Flash Streamer технологијата ги разложува и неутрализира штетните материи.
Новите технолошки решенија на Daikin инвертер клима уреди овозможуваат ефикасно филтрирање, обезбедувајќи подобар квалитет на воздухот во просториите.
Покрај иновативната технологија, овие решенија содржат повеќе филтри за прочистување на воздухот. Дезодорирачкиот филтер од титаниум апатит ги разложува непријатните мириси, а уникатниот сребрен филтер за прочистување на воздухот задржува 99% од алергените во просториите.
Истите користат најнови технологии за да постигнат поголема енергетска ефикасност, при што ќе обезбедат идеална атмосфера во домот. Зголемувајќи ја заштедата на енергија до 30%, инвертер решенијата се и “eco-friendly” и користат Bluevotion технологија за повеќе да се намали влијанието врз средината и да се подобрат енергетските перформаси.
Благодарение на патентираната Flash Streamer технологија на Daikin воздухот во вашиот дом ќе биде постојано чист.
Решенијата на Daikin се идеални за оние кои страдаат од алергии, астма и отежнато дишење, така што ги намалуваат симптомите со ефикасно отстранување на штетните честички, правејќи го воздухот во домот чист, здрав и свеж.
Кај децата како најранлива група, земјаќи го предвид фактот дека нивниот имунолошки систем е сè уште во фаза на развој, влијанието од загадениот воздух може да доведе до трајни последици. За таа цел, обезбедување на решение за почист воздух во домот е неопходна.
Со врвниот квалитет на Daikin ќе им овозможите на вашите најмили чиста и здрава средина и ќе инвестирате во подобри услови за развој на здрави генерации и подобра иднина.
Прочитајте повеќе за решенијата на Daikin на линкот подолу:
Daikin прочистувачите за воздух
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

