Регион
Во Србија вакцинирани над 400.000 граѓани
																								
												
												
											Србија од почетокот на имунизацијата на 24 декември до денеска вакцинира повеќе од 401.500 граѓани со вакцините против коронавирусот на „Фајзер-Бионтек“ и „Синофарм“ и вакцината „спутник В“.
„Утре ќе добиеме уште 40.000 вакцини ‘спутник В’, а в понеделник дополнителни 9.360 дози на ‘Фајзер’“, објави премиерката Ана Брнабиќ одговарајќи на пратенички прашања во српскиот парламент.
Таа рече дека во февруари се очекуваат вакцини против коронавирусот преку програмата „Ковакс“.
Брнабиќ изјави дека денес Србија е втора во Европа според бројот на вакцинирани граѓани на 100.000 жители по Велика Британија и седма во светот, зад САД.
Во изминатите 24 часа во Србија се потврдени 1.592 нови случаја на коронавирус, а почина 21 лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Регион
Едно лице убиено, две повредени на грчкиот остров Евија
														Дваесетгодишен маж беше избоден до смрт, а уште две лица беа повредени во два одделни инцидента на грчкиот остров Евија, соопшти полицијата.
Службениците изјавија дека случаите би можеле да бидат поврзани со насилство на фудбалски натпревари, објави „Ројтерс“.
Пет лица се уапсени, вклучувајќи двајца повредени мажи, а најмалку осум лица наводно биле вклучени во насилството, изјави портпаролката на полицијата, Константина Димоглида, за грчката телевизија „Скај“.
Полицијата истражува дали инцидентите биле мотивирани од конфликт меѓу навивачи на два сопернички фудбалски тима.
Податоците на полицијата покажуваат дека бројот на насилни инциденти поврзани со спортот се удвоил, од речиси 300 случаи во 2020 година на 700 годишно, а службените лица исто така истакнуваат дека постои можна врска меѓу хулиганите и криминалните банди.
Фото: принтскрин
Регион
Вонредна ситуација во нуклеарната централа „Козлодуј“ во Бугарија
														Во нуклеарната централа „Козлодуј“ избувнал пожар во енергетската просторија на безбедносниот систем на петтиот блок, што предизвикало итна реакција на работниците на електраната, објави порталот „Новините“.
Поради густиот чад во просторијата, повикана е противпожарна служба, а се преземаат мерки за замена на оштетената опрема, јавува „Танјуг“.
Официјално е објавено дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за луѓето. Работниците во електраната остануваат во готовност додека инцидентот не се реши целосно.
Фото: принтскрин
Регион
21-годишен маж украл 32 парфеми во вредност од 3.000 евра во центарот на Загреб
														Полицијата во Загреб ја заврши кривичната истрага против 21-годишен маж осомничен за серија кражби од продавници за парфеми во центарот на градот.
Младиот човек украл вкупно 32 парфеми во пет наврати, предизвикувајќи штета од речиси 3.000 евра на две продавници, известува Полициската управа во Загреб.
Според полициските сомневања, 21-годишникот ги извршил кражбите помеѓу 1 јули и средината на октомври 2025 година.
Во два наврати, тој влегол во иста парфимерија каде што, искористувајќи ја зафатеноста на персоналот, украл вкупно 18 парфеми. Слично сценарио повторил и во друга парфимеријата, каде што во три наврати украл уште 14 парфеми.
Вкупната материјална штета предизвикана од овие кривични дела е проценета на околу 2.990 евра. Откако полицијата ја завршила истрагата, 21-годишниот осомничен бил предаден на надзорникот на притворот. Против него е поднесен и посебен извештај до надлежното државно обвинителство.
фото: принтскрин

