Македонија
Нови 302 случаја на коронавирус, оздравеа 444 пациенти, а починаа 10 лицa
Во последните 24 часа се направени 2.024 тестирања, а регистрирани се 302 нови случаја на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 165, Велес – 14, Куманово – 13, Охрид – 12, Кавадарци – 12, Тетово – 11, Дебар – 8, Струмица – 6, Радовиш – 6, Делчево – 6, Гостивар – 6, Штип – 5, Прилеп – 5, Битола – 5, Демир Капија – 4, Струга – 3, Свети Николе – 3 , Кочани – 3, Гевгелија – 3, Неготино – 2, Крива Паланка – 2, Кратово – 2, Кичево – 2 , Дојран – 2 , Ресен – 1, Берово – 1.
Регистрирани се 444 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 219, Тетово – 37, Гостивар – 26, Куманово – 21, Струмица – 20, Кавадарци – 16, Штип – 14, Велес – 14, Неготино – 13, Прилеп – 10, Гевгелија – 8, Берово – 6, Битола – 5, Делчево – 5, Кочани – 4 , Крушево – 4, Свети Николе – 3 , Македонска Каменица – 3, Охрид – 2 , Дебар – 2, Крива Паланка – 2, Виница – 2, Демир Капија – 2, Струга – 1, Кичево – 1 , Радовиш – 1, Македонски Брод – 1, Богданци – 1, Дојран – 1.
Починати се 10 лица – пет пациенти од Скопје (83, 75, 82, 70 и 47), по еден од Струмица (67), Струга (55), Прилеп (61), Охрид (85) и Гостивар (51). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент е починат во дом за стари лица во Скопје.
Направените 2.024 теста се преку: ИЈЗ – 339, ЦЈЗ Скопје – 47, „Авицена“ – 195, „Биотек“ – 164, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 106, „Систина“ – 202, лабораторија „Лаор“ – 146, МАНУ – 101, Судска медицина – 8, ЦЈЗ Битола – 42, Инфективна клиника – 4, ГАК – 0, „Синлаб“ – 25, „Ремедика“ – 14, лабораторија во болницата во Козле – 20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – 609, УК Пулмологија со алергологија – 2, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 452.019 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.193, бројката на оздравени пациенти е 80.837, на починати е 2.841, а бројот на активни случаи изнесува 8.515. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 40.173, активни 4.658
• Куманово 5.180, активни 357
• Тетово 5.076, активни 288
• Прилеп 4.554, активни 173
• Гостивар 3.614, активни 205
• Штип 3.496, активни 124
• Битола 3.220, активни 164
• Велес 3.083, активни 260
• Охрид 2.798, активни 399
• Кавадарци 2.572, активни 319
• Струмица 2.528, активни 266
• Струга 2.202, активни 161
• Кочани 1.721, активни 73
• Кичево 1.715, активни 128
• Свети Николе 1.078, активни 33
• Гевгелија 986, активни 96
• Неготино 962, активни 83
• Дебар 761, активни 91
• Ресен 761, активни 95
• Крива Паланка 723, активни 44
• Радовиш 703, активни 50
• Делчево 607, активни 166
• Берово 589, активни 39
• Пробиштип 507, активни 41
• Виница 489, активни 32
• Валандово 325, активни 11
• Демир Хисар 243, активни 6
• Македонски Брод 244, активни 11
• Богданци 224, активни 26
• Кратово 222, активни 20
• Крушево 205, активни 26
• Демир Капија 201, активни 34
• Македонска Каменица 190, активни 17
• Пехчево 183, активни 13
• Дојран 84, активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

