Црна хроника
Поднесена кривична пријава за фалсификување исправа
Регионалниот центар за гранични работи – Југ на 29.01.2021 до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Р.Р.(39) од Прешево, Србија поради постоење „фалсификување исправа“, предвидено и казниво по член 378 став 3, а во врска со ст.1 од Кривичниот законик.
На автопатот „Пријателство“, кај клучка Смоквица, при вршење контрола на патници и возила од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“, бил запрен пријавениот Р.Р., кој управувал патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки. При проверка на возилото било констатирано дека регистарските таблички кои ги користел за возилото потекнуваат од патничко возило „форд галакси“, во сопственост на Л.Д. од Велес.
Р.Р. бил лишен од слобода, а од Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија му е изречена мерка притвор. Возилото било одземено и сместено во кругот на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ – железнички премин за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Млад прилепчанец влегол преку прозорец во куќа во Охрид за да краде, сопственичката била дома
Приведен е 25-годишен прилепчанец кој упаднал преку прозорец во куќа во Охрид и со закана со нож од сопственичката украл пари и злато.
„Во СВР Охрид бил задржан Б.Ј.(25) од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица Прилеп врз основа на распишан локален распис. Тој се сомничи дека дека на 25.11.2024 извршил кривично дело „разбојништво“ во дом во Охрид, каде влегол преку отворен прозорец и со закана со остар предмет од сопственичката одзел пари и златни предмети“, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пукна плинска боца приклучена со греалка – скопјанка со изгореници префрлена во болница
Плинска боца приклучена со греалка пукнала вчера во Скопје, пришто 45-годишна скопјанка се здобила со изгореници.
Од МВР информираа дека жената е префрлена во Градската општа болница Свети Наум Охридски.
Припадниците на полицијата стигнале на местото на настанот.
Црна хроника
Со возило излетале на патот кон Пробиштип, тешко повредена сопатничката
Вчера во 15.20 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат од с.Неокази кон Пробиштип, патничко возило „форд“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(65) од Пробиштип, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(66) од Пробиштип, констатирани во Општа болница Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.