Македонија
Еко-акција: Сонот на штипјани за поубав град
Во текот на вчерашниот ден беше спроведена нова акција од страна на Штип Арт Активистите насловена како “Сонот на штипјани”.

„Оваа акција ја спроведовме како резултат на претходно направеното он лајн истражување со граѓаните на Штип каде тие потенцираа и издвојуваа најголеми проблеми со кои се соочуваат во секојдневното живеење. Во најголем број граѓаните укажаа на проблемот со нечистотијата и ѓубрето, не безбедни пешачки премини и немањето на рампи за инвалидни лица, небезбедни булевари, тротоари кои служат за паркинг наместо за пешаци, осветлување на улици, потребата од зелени површини, функционални и безбедни детски игралишта и недостаток на кино. Сонот на штипјани се да нема сообраќаен метеж и имаат проодни и безбедни булевари и тротоари, чиста животна средина ,повеќе зелени површини за рекреација и кино. Овие соништа за поубав, почист, безбеден и зелен Штип, ги прикажавме преку поставени табли низ локации во градот каде граѓаните во истражувањето ги потенцирале како проблематични“, велат организаторите.

Тие апелираат до граѓаните и до јавните претпријатија во градот и општината за поголема грижа за чист и зелен град, осветлување на улиците, санкционирање на несовесните возачи кои ги користат тротоарите за паркинг и узурпираат простори наменети за пешаци, побезбедни и прегледни булевари за поголема безбедност во сообраќајот и нови зелени површини наменети за рекреација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелова: Буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите
На денешната седница во Собранието се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите.
„Буџетот не е само финансиски план, ниту табела со бројки, тој претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и кон институциите. Буџетот за 2026 година е документ што многу јасно ја одразува разликата помеѓу оваа Влада и сите влади пред неа. Овој Буџет е јасна политичка порака, дека државата конечно се движи во вистинска насока, дека економијата расте, дека институциите работат дисциплинирано и дека секој денар е ставен во функција на развој, инвестиции и подобар животен стандард. Овој Буџет е еден од најреалните и најодговорно планираните во последната деценија. Тој е јасна порака дека државата се движи напред и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ управува дисциплинирано и државнички“, рече Ангелова.
Таа посочи дека во 2026 година треба да се вратат 1,2 милијарди евра долгови создадени од претходните влади.
„Во 2026 година треба да се вратат 1,2 милијарди евра долгови создадени од претходните влади, ние можевме да одиме во популизам, да оставиме хаос, да расфрламе средства но избравме дисциплина, државност и рационално планирање. Вкупните приходи во 2026 година се планирани на 374, 9 милијарди денари, со реален и конзервативен пристап. Расходите се 414,2 милијарди денари насочени кон функционирањето на јавните услуги, капитални инвестиции и социјална поддршка. Буџетскиот дефицит е 3,5% од БДП што е значително намалување во однос на приходите години и во согласност со фискалните правила и препораките на меѓународните финансиски институции“, посочи Ангелова.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот с.Караорман – Штип, сообраќајот во прекин
Од 19:35 часот во прекин е сообраќајот на регионалниот пат с.Караорман – Штип поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Станковиќ: Буџетот за 2026 година е реален и има мерки за самовработување и сузбивање на сивата економија
На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ кој истакна дека буџетот е изготвен врз основа на реални економски показатели и дека проекциите на приходната страна се остварливи.
Станковиќ посочи дека растот на планираните приходи е резултат на подобрена наплата на царини и концесии како и на позитивните трендови кај активните мерки за вработување.
„Првата работа околу буџетот кога го анализираме и гледаме треба да ја видиме приходната страна, значи се предвидува еден буџет од 374,9 милијарди денари и е за 6% поголем од средствата кои предвидела државата да ги собере во буџетот во 2025 година. Сметам дека овие средства се реални да се соберат, земајќи ја во предвид 2025 година, каде што имавме сериозно зголемување на наплатата на царини, концесии, пред неколку дена се случи една позитивна вест а тоа е видовме каков е интересот на граѓаните за сите оние мерки кои ги предвидува Владата за самовработување, 6045 апликанти тоа значи дека во наредната 2026 година по основ на вработување можеме да очекуваме поголеми приливи, тоа ни дава за право дека овие средства кои ги предвидува Владата на Република Македонија се остварливи“, рече Станковиќ.
Тој нагласи дека Владата активно работи на сузбивање на сивата економија, истакнувајќи дека се спроведуваат активности со цел да се намали загубата на јавни приходи и да се зголеми финансиската дисциплина.
„Втората работа, веќе се работи сериозно на намалување на сивата економија, огромни средства од 600 до 700 милиони евра на годишно ниво се одлеваат на сивата економија. Мораме да ја сузбиеме сивата економија и оваа Влада прави сериозни напори за сузбивање на сивата економија. Првата работа воведувањето на е-фактурата е една од тие мерки којашто ни овозможува да ја контролираме сивата економија во државата. Второ институциите почнуваат да даваат резултати“, вели Станковиќ.

