Забава
Меган Маркл тивко го сменила своето име на изводот на родените на бебето Арчи
Изводот од Матичната книга на родените бил променет еден месец по раѓањето на Арчи и повеќе не ја наведува Рејчел Меган како мајка, туку нејзиното кралско височество, војвотката од Сасекс, објави британски „Мирор“.
Весникот тврди дека принцот Хари и Меган Маркл тивко ги избришале нејзините имиња од изводот на синот Арчи коментирајќи дека ова е потег без преседан.
Малиот Арчи е роден на 6 мај 2019 година, а неговото раѓање е регистрирано 11 дена подоцна, пред да се изврши промената на 5 јуни.
Документот веќе не ја покажува Рејчел Меган како мајка и наместо тоа, пишува – нејзиното кралско височество, војвотката од Сасекс. Невообичаената промена се случила во периодот кога се проширија шпекулациите за раздор меѓу Хари, брат му Вилијам и нивните партнери, пренесува „Сан“.
Тие тврдат дека ваквиот потег е вообичаен кај Кембриџови бидејќи сите три нивни деца ги имаат имињата на Кејт на изводите на родените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
На Роналдо му се заканува тужба, не платил за ботоксот: дерматологот бара отштета
На португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо му се заканува тужба поради неплатени сметки. Тоа само по себе е чудно бидејќи во кариерата заработил повеќе од милијарда, но тоа што го должи е уште поневеројатно – за ботокс, пренесуваат светските медиуми.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња му остана должен на лекарот Рошан Равиндран, кој неколкупати го третира додека играше за Манчестер јунајтед.
Докторот тврди дека Роналдо му должи приближно 50.000 евра и дека одлучил парите да си ги земе на суд. Равиндран е дерматолог, кој има две ординации, едната во Манчестер, а другата во Лондон. Неговата специјалност е ботоксот. Тој наводно се однесувал добро кон Роналдо, како и кон Георгина Родригез, неговата партнерка.
„Тоа е тековен процес и не сакам да зборувам за моите пациенти“, докторот остана „затворен“ и со тоа само потврди дека Роналдо имал третмани кај него, според написите.
Британските медиуми не може со сигурност да знаат дали тој веќе го тужел Роналдо или планира да го стори тоа, но весниците од оваа земја шпекулираат дека третманите со ботокс се случиле непосредно пред Европското првенство и пред мечот со Словенија.
Роналдо пушти солзи во осмина-финалето кога промаши пенал, а новинарите тоа не го промашија. Плачеше како дожд, но на челото немаше ниту една брчка.
Забава
„На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“: Ким Кардашјан на удар на критики
Ким Кардашијан се најде на удар на критики откако позираше во атрактивно издание носејќи крст околу вратот.
Таа сними реклама за новата колекција на нејзиниот бренд Skims во соработка со Dolce & Gabbana. Носеше градник и боксерки кои ги спушти надолу. Следеа бројни негативни коментари.
„Ова е навистина непримерно“, „На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“, „Ја навредувате религијата. Невкусно е“, „Зошто секогаш носи крст кога е полугола?“, се некои од нив.
Забава
Тори Спелинг објави фотографии во бикини: „Покажав друга страна од себе“
Актерката и реалити ѕвезда Тори Спелинг на својот Инстаграм профил сподели носталгични моменти од минатото. Имено, таа објави стари фотографии кои се направени во октомври 2000 година, кога позирала за насловната страница на магазинот „Stuff“.
На една од фотографиите таа носи виолетово бикини, а објави и неколку други страници од тоа издание на магазинот, на кои исто така позира во различни костими за капење.
Во описот на објавата, Тори напиша: „Сакав да покажам дека добрата девојка, позната како Дона Мартин, сепак може да биде личност која го заснова својот живот на верата, семејството, добрината, моралните вредности, силата и промисленоста, но и поседува привлечност, прифатив сопствен стил и покажав поинаква страна од себе“.
Таа, исто така, објави страница од списанието на која е вклучено и нејзиното интервју, во кое зборува за нејзината кариера, предизвикувачките улоги и за нејзината витка фигура.