Македонија
Во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани нови 11 пациенти, а 16 се пуштени дома

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 11 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие на интерните клиники имало два приема.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 3 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 6 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.
Во моментот на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија – 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на коронавирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 82 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децатаво Козле има 21 пациент.
Вкупно 252 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите е на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминатите денови е стабилен и утрово, до 8 часот, имало 114 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Цела ноќ борба со огнот во велешката фабрика – изгореа магацин со фрижидери и канцеларии со документи

Пожарот што синоќа избувна во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот. Според информациите од надлежните, огнот зафатил магацински простор и канцеларии, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење.
Пожарот бил пријавен околу 22 часот. Горел магацин каде што имало пластична амбалажа, фрижидери и друг материјал, како и канцелариски простории со документација.
Во гаснењето учествувале три противпожарни возила од ТППЕ Велес со екипи од три смени, возило од ЈКП „Дервен“, како и две специјални возила на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен биле и шестмина полициски службеници од Велес.
Иако пожарот е ставен под контрола, службите сè уште се на терен за да спречат повторно разгорување, со оглед дека на одредени локации сè уште се јавуваат чадења.
Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се испитуваат.
Македонија
Голем пожар во фабрика во Велес

Синоќа избувна голем пожар во фабриката за храна „Мирана“, лоцирана во индустрискиот блок на Велес, потврдија надлежните.
На барање на Територијалната противпожарна единица Велес, привремено беше исклучена електричната енергија во фабриката.
„Во Велес, кај индустрискиот блок, опожарена е фабриката ‘Мирана’. По барање на ТППЕ Велес, исклучена е струјата во фабриката. Единиците за гаснење на пожарот се на терен“, информираше директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информираше доцна синоќа дека нема информации за повредени лица при пожарот.
Причините за избувнувањето сè уште не се познати.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.