Свет
Јапонија ја продолжи вонредната состојба

Јапонија ќе ја продолжи вонредната состојба за уште еден месец обидувајќи се да ја задржи под контрола епидемијата на коронавирусот, иако бројот на дневни случаи се намалува.
Се очекува премиерот Јошихиде Суга официјално да објави продолжување на ограничувачките мерки до 7 март подоцна во текот на денот.
„Бројот на нови случаи на коронавирус опаѓа, но сепак е потребна претпазливост“, изјави Катсунобу Като, генералниот секретар на кабинетот.
Като додаде дека болниците се полни и дека стапката на смртност не е намалена.
Јапонија пријави нешто помалку од 392.000 случаи на коронавирус и нешто повеќе од 5.800 смртни случаи.
Токио во вторникот пријави 556 нови случаи на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија обвинува: НАТО со трупи во Романија, цел е Молдавија

Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) тврди дека НАТО концентрира воени единици во Романија во близина на границата со Молдавија и дека постои план за истоварување и во украинската Одеската област. Според соопштението, целта е окупација на Молдавија и притисок врз регионот Приднестровје.
Разузнавањето наведува дека први војници од Франција и од Велика Британија веќе пристигнале, а Европската Унија наводно е „одлучна да ја задржи Молдавија во рамките на својата политика по секоја цена“.
Инаку, во недела во Молдавија ќе се одржат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе избираат меѓу европскиот пат и поблиски врски со Москва.
Приднестровје е сепаратистички регион што се одвои од Молдавија во 1992 година со поддршка од Москва и функционира како де факто независна држава со своја власт, армија и валута.
Свет
Откриен по 30 години: ноќниот предатор призна вина за сексуалните напади во Сиднеј

Австралиецот Глен Гери Камерон (61), познат како ноќниот предатор, призна вина за серија сексуални напади врз жени во Сиднеј на почетокот од 90-тите.
Камерон беше уапсен минатата година на аеродромот во Сиднеј кога полицијата со нови ДНК-анализи ги поврза старите случаи. Тој се изјасни виновен за 13 од вкупно 36 дела, меѓу кои – 11 обвинувања за тешки сексуални напади со закана со оружје.
Жртвите, осум жени на возраст од 17 до 45 години, најчесто биле мамени со лажни понуди за работа и нападнати во близина на железнички станици и паркови. Пресудата се очекува следниот месец.
Фото: судски цртач/суд во Сиднеј
Свет
Птичји грип потврден во Полска

Полска пријави појава на високопатоген птичји грип H5N1 на две живинарски фарми, објави вчера Светската организација за здравје на животните (WOAH).
Вирусот е откриен на фарма за гуски и на фарма за мисирки во градот Суш и уби приближно 4.000 птици, објави WOAH повикувајќи се на извештај од полските власти.
Во мај Варшава го потисна вирусот H5N1, според WOAH.
Во меѓувреме, вирусот повторно почна да се шири во Европа и од крајот на август Норвешка, Германија, Португалија и Бугарија пријавија појава на птичји грип. Во средината на јули болеста се појави и на фарма за мисирки во Шпанија.
Птичјиот грип обично се шири меѓу живината во Европа на почетокот на есента, забележува „Ројтерс“.
Варшава минатата недела изјави дека се надева дека ќе ги продолжи испораките во Кина во рок од еден месец по потпишувањето на договорот со Пекинг. Извозот беше суспендиран поради ширењето на птичјиот грип во 2023 година.
Вредноста на извозот на полска живина во Кина се проценува на две милијарди злоти (470,69 милиони евра).