Македонија
Мицкоски: Идниот месец ВМРО-ДПМНЕ ќе собира потписи за укинување на законот за пописот

ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на следниот месец ќе почне со собирање потписи за укинување на законот за попис, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На седница на Извршниот комитет партијата вчера ја разгледала процедурата што ќе почне со иницијатива од 100 пописи во подрачните единица на Државната изборна комисија.
„Кога ќе се соберат 100 потписи, се доставува до спикерот во Собранието, а тоа понатаму до матична комисија, законодавно-правната комисија ја препраќа таа иницијатива и кога ќе се констатира комплетноста на првичните сто потписи, тогаш се известува спикерот во Собранието, кој понатаму го известува предлагачот, но и претседателот на Владата, кој понатаму во рок од 20 дена ја доставува иницијативата до подрачните одделенија на Државната изборна комисија и процесот на собирање потписи почнува, така што во текот на утрешниот ден ќе ја почнеме оваа постапка. Очекуваме формално собирањето потписи да почне на почетокот на следниот месец бидејќи такви се законските процедури“, рече Мицкоски по средбата со занаетчиите во Старата скопска чаршија одговарајќи на новинарско прашање.
Опозицискиот лидер потенцира дека во меѓувреме пописот е одложен во Хрватска, Бугарија, Србија, Германија и во Романија поради состојбата со коронавирусот.
Мицкоски повтори дека пописот, доколку веќе власта инсистира да се спроведе, најдобро би било да биде електронски за да се заштити здравјето на граѓаните.
За комбинираниот попис, Мицкоски нагласи дека тоа е кованица на премиерот Зоран Заев, која и нему сигурно не му е јасна.
„Под комбиниран попис, претпоставувам, мисли дека ќе дојде попишувачот и матичниот број ќе го внесе во системот, па таму ќе се споредува со определени бази на податоци и врз основа на таа споредба, ќе се добијат конечните резултати. Но, повторно мора дома некој да ви тропне и физички да присуствува додека вие го читате вашиот матичен број и другите параметри, кои се ваши лични податоци“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).