Македонија
Димитров останува вицепремиер за европски прашања, Собранието ја отфрли интерпелацијата
Собранието доцна синоќа не ја прифати иницијативата на опозицијата за отповикување од функцијата на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
Расправата траеше 12 часа – за интерпелацијата гласаа 53 пратеници, 55 беа против, а ниту еден воздржан.
Ова беше трета интерпелација за Димитров во изминатите три и пол години. Првите две беа додека тој ја вршеше функцијата министер за надворешни работи.
Опозицијата го обвинуваше Димитров дека е виновен за манипулацијата на јавноста за добивање на датумот, како и потпишувањето на договорот со Бугарија, поради што сега е блокиран почетокот на преговорите со Унијата. Повторно беа упатени низа обвинувања дека власта преговара за идентитетот и јазикот, што Димитров категорично ги отфрли и порача опозицијата да не го саботира во работата оти тоа е на штета на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Северна Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025 – 2027
Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денес стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, информира МИнистерството за надворешни работи.
Поддршката од земјите членки на ОН е потврда за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи.
Во својата објава на социјалните мрежи, министерот Муцунски нагласи дека една од главните цели по овој дипломатски успех ќе биде активното учество во Советот, придонесувајќи за глобална промоција на човековите права и подобрување на ситуацијата ширум светот, што е основа и на нашата кандидатура за членство
Во најновиот Национален извештај за Универзалниот периодичен преглед презентиран пред Советот за човекови права во Женева, нашата земја е високо на листата на земји кои ги почитуваат и гарантираат човековите права и оценета како квалификуван кандидат кој ги исполни неопходните услови за да биде дел од работата на ова меѓународно тело.
Инаку, според информацијата од МНР, Република Северна Македонија по вторпат е избрана за членка на Советот за човекови права, откако претходно членуваше во периодот 2014-2016.
Македонија
Стоилковиќ- Рокас: изразена поддршка кон реформските процеси во делот на заштитата на правата на етничките заедници
Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците,Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на ЕУ во РС Македонија, Михалис Рокас.
На средбата стана збор за клучните прашања, приоритети, но и идните планови на Министерството за односи меѓу заедниците, како и соработката со ЕУ, со акцент на помалите етнички заедници во земјава.
„Како Министерство ни значи соработката со ЕУ од причина што помалите етнички заедници немаат друга адреса освен ЕУ, со оглед на тоа какво искуство имавме се надевам дека работите со ваша помош ќе ги исправиме“, рече на средбата Стоилковиќ и истакна дека е задоволен од тоа како се одвиваат работите во првите 100 дена.
Заклучокот на двајцата соговорници беше дека заштитата на етничките заедници е приоритет на Министерството за односи меѓу заедниците, како и дека постојат многу точки за кои може да се зборува, а, како што нагласи, амбасадорот на ЕУ Рокас нашата земја секогаш може да смета на помош и поддршка од Унијата.
Амбасадорот Михалис Рокас го изрази своето задоволство од, како што рече, храброста и решителноста на вицепремиерот и министер Стоилковиќ за изнесените податоци за затекнатата состојба во Министерството, и воедно ја изрази својата поддршка кон реформските процеси и приоритетите во делот на заштитата на правата на етничките заедници и нагласи дека не смее да има никакво оправдување и сето она што е злоупотребено треба да биде процесуирано.
Тема на разговор беа и економските прилики во земјата и фактот дека соработката меѓу балканските земји ќе придонесе за стабилноста во регионот, а придобивките ќе ги чувствуваат сите.
На крајот од средбата Стоилковиќ уште еднаш упати честитки до амбасадорот за назначувањето на новата функција и изрази уверување дека соработката, но и пријателските односи не само што ќе го задржат досегашното ниво, туку и ќе се продлабочат во наредниот период.
Македонија
СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО.
„СДС знаат колку ја ограбиле државата и народот и затоа ја напаѓаат Божиновска, мислејќи дека така никогаш нема да се дознае.
СДС лажеше дека владата ги субвенционира сметките за струја, за на крај да излезе дека 60 милиони евра од Владата кон ЕВН не се платени.
СДС свесно манипулира. Во нивно време од МЕПСО парите наместо за енергетската мрежа се трошеа за донации и спонзорства на фитнес клубови“, се истакнува во соопштениетот на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС, како што додаваат од партијата на власт, жали по времето кога камиони со струмички таблици „вртеа во РЕК Битола по 27 часа на де“н.
СДС знае, велат од ВМРО-ДПМНЕ, дека следува одговорност и затоа се во страв и сеат лаги за Божиновска, неспособноста заврши со нив.