Свет
Трамп нема да сведочи на судењето во процесот на отповикување

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, нема да одговори на повикот да сведочи на судењето за отповикување во американскиот Сенат, кое почнува следната недела, изјави неговиот советник Џејсон Милер, оценувајќи го процесот како неуставен.
Демократите во Претставничкиот дом, кои имаат улога на обвинител во претстојното судење на Доналд Трамп во Сенатот, побараа од поранешниот претседател на САД следната недела да сведочи за неговите постапки пред стотици негови приврзаници да извршат смртоносен напад врз Капитол, пренесува „Ројтерс“.
Правните советници на Трамп не прецизираа дали поранешниот претседател ќе одговори на поканата наведувајќи дека обвинувањата против нивниот клиент се неосновани.
Минатиот месец Претставничкиот дом го отповика Трамп под обвинение за поттикнување бунт за време на говорот пред Белата куќа, во кој ги повика своите приврзаници да се борат против неговиот пораз на изборите.
По обраќањето на Трамп, приврзаниците на Трамп насилно упаднаа во комплексот на Капитол во САД за да спречат потврда на победата на претседателот Џо Бајден и се судрија со полицијата, а членовите на Конгресот беа принудени да се засолнат.
За време на насилството загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец.
Адвокатите на Трамп оваа недела ги отфрлија обвинувањата тврдејќи дека Трамп совесно ја извршувал должноста претседател.
Тие наведуваат дека тврдењата на Трамп дека бил поразен на изборите поради измама се заштитени со првиот амандман на американскиот Устав, кој гарантира слобода на говор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пукањето во Белград на само 300 метри од куќата на Мирослав Илиќ, пејачот се огласи: „Боже господе, што се случува“

Во пукањето во Вишњичка бања се повредени пет лица, меѓу нив и една жена за чијшто живот се борат лекарите.
Според неофицијални информации, на пукањето му претходела тепачка, а сè се случило на нешто повеќе од 300 метри од куќата на познатиот пејач на народна музика, Мирослав Илиќ, пишува „Блиц“.
Илиќ по повод настанот се огласи за домашните медиуми.
„Живеам во мирна улица, во мирен крај. Чувај Боже што се случува. Не сум гледал вести и не сакам да знам“, изјави Мирослав за Телеграф.
Иако првичните информации укажуваа дека една жена починала, докторите во Ургентниот центар успеале да ја оживеат.
Неофицијално, повеќе вооружени лица излегле од бело комбе и почнале да пукаат. Овие информации засега не се официјално потврдени, а во тек е полициска потера по напаѓачите.
Очевидци опишале дека од белото комбе излегле неколку лица и почнале да пукаат насекаде.
Регион
(Видео) Полицијата се’ уште трага по напаѓачите по пукањето во кафулето во Белград

Пет лица беа ранети во пукање во кафуле во белградската населба Вишњичка бања, а едно лице е во животна опасност. Напаѓачите, кои пристигнале со бело комбе, влегле во локалот и отвориле оган по гостите.
Повредените – две жени и три мажи – се пренесени во Ургентниот центар. Полицијата покрена акција и сè уште трага по сторителите, јавува „Н1“.
Очевидци раскажаа дека на автобуската станица во близина имало голем број деца кои се разбегале уплашени, а пристигнувањето на итната помош се чекало долго. Жителите потсетуваат дека веќе подолг период имаат проблеми со навивачки групи во оваа населба.
Свет
(Видео) Ураган ја потопи Ибица

Ураганот „Габриел“, кој со денови пустоши над Атлантикот, денеска ја погоди Ибица и Форментера, предизвикувајќи поплави и голема материјална штета.
Видео-снимки од социјалните мрежи покажуваат автомобили, мотори и контејнери како ги носи надојдената вода, а улиците се претворени во реки од кал и дожд.
Flooding due to heavy rain on the island of Ibiza, Spain 🇪🇸 (30.09.2025) pic.twitter.com/4gM7xFwDVW
— Disaster News (@Top_Disaster) September 30, 2025
Туристи биле принудени да се симнат од брод во вода до колена.
Jeeze! Passengers step off the sea ferry in Ibiza directly into floodwaters 😳
Bizarre!pic.twitter.com/eH7tE9TLnk
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 30, 2025
Пожарникарите на Ибица интервенирале на повеќе од 20 повици само утринава. Затворени се неколку патишта, меѓу нив и пристапот до аеродромот. Во близина на аеродромот за неколку часа наврнале 74 милиметри дожд, а има и прекини во снабдувањето со струја.
👀 This is on the Spanish Island of Ibiza before the mobile phone warning was sent out. There is a RED warning in place = Danger to life.
📹 @BailoAndrespic.twitter.com/BdXDlvFZF0
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 30, 2025
Силното невреме предизвика проблеми и на Мајорка, каде што северниот дел на планинскиот венец Трамунтана бил најтешко погоден, како и во регионот Валенсија и Мурсија.