Контакт

Македонија

Претставена методологијата за пописот

Објавено пред

Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, и заменик-директорот Илми Селмани информираа за методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, која има цел обезбедување единствени принципи за организирање на попишувањето и единствена примена на методолошките основи при попишувањето.

dobivaj vesti na viber

Во обемната презентација беа претставени основните карактеристики на пописот како најзначајна статистичка операција спроведена во согласност со стандардите на Обединетите нации, правилата на Евростат и друга меѓународна и домашна регулатива.

Според директорот Симовски, комбинираниот метод на попис, кој прв пат ќе се применува кај нас, е сложена методологија, која обезбедува многу можности и која се базира на комбинација на податоци добиени на терен преку индивидуално попишување, со податоци од претпописната статистичка база на податоци, која содржи податоци добиени од постојни регистри поврзани со користење на единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБ).

„Предностите на користењето на комбинираниот метод на пописот се: намалувањето на потребното време за прибирање на податоците, намалувањето на трошоците за пописната операцијата, намалување на потребното време за обработка на податоците, конечните податоци од пописот ќе ги имаме за пократок временски период, а истовремено ќе обезбедиме многу повисоко ниво на квалитет на податоци од пописот“, оцени Симовски на денешната онлајн прес-конференција.

Комбинираниот метод применува претпописна база на расположливи, односно сублимат на бази и податоци од министерствата за внатрешни работи, за информатичко општество и администрација, образование и наука, труд и социјална политика,  агенциите за вработување, од Катастарот на недвижностите, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и управите: за јавни приходи и за водење на матичните книги и расположливите податоци во ДЗС од редовните статистички истражувања во поглед на образование, витална статистика, бизнис-регистер и друго.

Новина при пописот е архитектурата на системот, кој се базира на комбинираниот методолошки пристап, кој подразбира теренско попишување со користење преносни компјутери од страна на попишувачите, поврзани на посебно развиена веб-апликација поставена на cloud (облак) наместо хартиени прашалници.

„Пописот 2021 е опсежна операција и најважно е што со него се прибираат географски, демографски, образовни, економски, миграциски, етнокултурни и податоците поврзани со инвалидитет“, нагласи директорот Симовски, кој посочи дека сите важни информации поврзани со методологијата на пописот се наоѓаат на веб-страницата на ДЗС.

„Основните карактеристика на пописот се тоа што се собираат податоци за најмалите територијални единици, податоци за дефинирана периодика од 10 години, карактеристика на лицата, односно индивидуално попишување, со почитување на универзалноста и истовременост. Податоците се собираат за одреден момент, кој статистички се нарекува критичен момент, и тоа е датумот 21 март и 1 април“, посочи директорот Симовски, при што додаде дека единиците што ќе бидат опфатени со пописот се: лицата, домаќинствата и становите, односно живеалиштата.

Според Државниот завод за статистика, пописот ќе обезбеди податоци за три категории население, и тоа:

– вкупно резидентно население, кое го сочинуваат: лицата државјани со место на вообичаено живеење во Република Северна Македонија, без оглед дали во моментот на пописот се наоѓаат во местото на живеење или во друго место во Република Северна Македонија; лицата странци штп престојуваат во Република Северна Македонија подолго од 12 месеци (една година), со одобрение за постојан или привремен престој; лицата што имаат место на живеење во Република Северна Македонија и се нејзини државјани, а во времето на пописот престојуваат во странство помалку од 12 месеци (една година) поради работа или друга причина, како и членовите на нивните домаќинства што престојуваат со нив; лицата што имаат место на вообичаено живеење во Република Северна Македонија, а кои во времето на пописот се на работа во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата на Република Северна Македонија во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на домаќинствата што привремено престојуваат во странство со наведените лица (независно од должината на престојот во странство по некој од наведените основи).

Тука во оваа категорија спаѓаат и следните лица ако се континуирано присутни во земјата повеќе од 12 месеци: странците со признат статус на бегалец што ќе се најдат во Република Северна Македонија во времето на пописот; странците со признато право на азил поради супсидијарна заштита, кои во времето на пописот се нашле во Република Северна Македонија; странците со поднесено барање за признавање право на азил што се нашле во Република Северна Македонија во времето на пописот; други лица што ќе се најдат на територијата на Република Северна Македонија во времето на пописот (а кои ги исполнуваат претходно дефинираните критериуми).

– вкупно нерезидентно население го сочинуваат следните лица – единици на попис, и тоа: лицата државјани на Република Северна Македонија што во времето на пописот престојуваат во странство повеќе од 12 месеци (една година) поради работа или друга причина, како и членовите на нивните домаќинства што престојуваат со нив; лицата странци што престојуваат во Република Северна Македонија до 12 месеци (помалку од една година) со одобрение за привремен престој.

– и вкупно попишано население, категорија што ги опфаќа претходните две категории население.

Единици што не се попишуваат се: дипломатскиот персонал на странските дипломатско-конзуларни претставништва во Република Северна Македонија, како и членовите на нивните семејства; странскиот воен персонал и членовите на нивните семејства лоцирани во Република Северна Македонија, како и членовите и претставниците на меѓународните организации и заедници што во моментот на пописот престојуваат во Република Северна Македонија; странските државјани што во времето на пописот се наоѓаат во Република Северна Македонија поради службен пат, приватна посета, годишен одмор, лекување, екскурзија, туристички и слични патувања; странските државјани што поради работа или школување дневно ја поминуваат државнaта граница.

Исто така, со пописот нема да се опфатат становите на дипломатско-конзуларните претставници на странски земји и становите во сопственост на други држави; – ненаселените (празните) станови, кои се иселени поради нивно рушење; – празните станови во зградите во кои сѐ уште не е дозволено вселување; – објектите што во целост се користат за сместување земјоделски орудија и алати, земјоделски производи, огрев и сл., или се користат за преработка на земјоделски производи; – колективните станови во кои не живее ниту едно индивидуално домаќинство (домови и хотели за самци, домови за стари лица, студентски домови, манастирски конаци и сл.).
Во пописот, за кој беше нагласено дека при сите процедури ќе бидат најстрого почитувани здравствените протоколи од Министерството за здравство, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, освен Државниот завод за статистика, учествуваат и Советот за статистика, 150 државни инструктори, 500 реонски инспектори и 5.500 реонски попишувачи.

Директорот Симовски објасни дека целиот процес на пописот ќе биде врз основа на дневно информирање за лица заразени од Ковид-19 или, пак, кои се наоѓаат во задолжителна изолација и таа постапка ќе се оствари со посебни здравствени протоколи, кои се максимално безбедни за попишувачите и другите граѓани.

Пред официјалниот почеток на пописот, од 1 до 15 март ќе биде остварено попишување на посебните категории лица, и тоа: воениот персонал во странски и објекти во државата во рамките на Министерството за одбрана; како дел од Министерството за правда ќе се попишат казнено-поправните институции; лицата без документација со учество на Министерството за труд и социјална политика и со помош на Министерството за надворешни работи ќе се попишат нашите дипломатско-конзуларните претставништва во странство.
Самопопишување/саморегистрација на лицата државјани на Република Северна Македонија, кои во периодот на спроведување на пописот живеат/престојуваат во странство, ќе се врши од 1 до 21 април по пат на самопопишување преку онлајн-апликација достапна на веб-страницата на ДЗС или, според законските норми, нив може да ги попишат лица што добро ги познаваат и ги имаат сите потребни податоци за нив. При попишувањето на овие лица некомплетните податоци не ги прифаќа апликацијата и со тоа се отфрла можноста да бидат попишани лица со неточни податоци.

Одговарајќи на новинарски прашања, директорот Симовски апелира сите граѓани да земат учество во пописот поради тоа што оваа сериозна операција ќе даде базична основа за подготвување квалитетни политики за општествен и економски развој на државата, што се од интерес за сите граѓани.

Македонија

Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар

Објавено пред

Од

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.

dobivaj vesti na viber

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.

Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.

Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.

Прикажи повеќе...

Македонија

Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации

Објавено пред

Од

Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.

dobivaj vesti na viber

Пелагониски регион

Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.

Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.

Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.

Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.

Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.

Југозападен регион

Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.

Скопски регион

Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.

Полошки регион

Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.

Источен регион

Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.

Кратово

Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.

Југоисточен регион

Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.

Североисточен регион

Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.

Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?

Објавено пред

Од

ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.

dobivaj vesti na viber

„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро.  Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија11 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија12 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ14 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет15 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија16 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија16 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ17 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа17 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет18 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет19 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет19 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа19 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија20 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија20 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија1 ден

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија1 ден

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...