Македонија
Барбареев: Реформата е шанса наставниците пак да бидат добри примери за учениците
Реномето на наставничката професија се изгуби во изминатите 30 години а реформата на основното образование е шанса наставниците повторно да бидат добри примери за нивните ученици, рече професорот Кирил Барбареев на вчерашната собраниска јавна расправа за концепцијата за основно образование.
„Е тоа е мојата визија, основното да биде основа на вредности и да го засакаш учењето, науката, татковината. Да создаваме генерации кои кога ќе отидат на натпревар по физика и математика во Франција да се вратат со награди, и таму да ја слушнат македонската химна. Кога ќе отидат на натпревар по историја во Белград, Софија и Атина да се вратат со најдобри резултати, да бидат подобри од соседите во знаење. Тоа е тој културен натпревар меѓу народите. Оваа држава секогаш имала добри учители“, нагласи професорот Барбареев, кој е и член на работната група што ја изготви концепцијата.
Од собраниската говорница тој потсети дека првите одлуки на АСНОМ се однесувале токму на отворање на учителските школи.
„Тој ентузијазам, таа енергија која била во тие години сме ја загубиле ние некаде во овие 30 години. Враќањето на општествениот и економскиот статусот и подигање на реномето на наставничката професија не е само поврзанo со зголемување на платата. Ова е шанса за нас учителите на сите нивоа во општеството, да бидеме пример за трансформација и почеток на вистински вредности, толку потребни. Оти целата суштина на педагогијата е да бидеш добар пример како учител. Тоа е за мене патриотизам”, рече Барбареев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

