Забава
На Селма Хajeк ѝ рекле дека никогаш нема да успее во Холивуд како Мексиканка: „Се борев против тоа и победив“

Селма Хaјeк првпат виде како изгрева нејзината sвезда со улоги во телевизија и филм во Мексико, почнувајќи од крајот на 1980-тите.
Во раните 90-ти sвездата на „Фрида“ се пресели во Лос Анџелес за да продолжи со филмска кариера, но транзицијата кон публика што говори англиски јазик наиде на бројни омаловажувачи.
Во ново интервју, 54-годишната Хajeк открива како ѝ кажувале дека нејзината актерска кариера ќе „умре“ кога таа ќе има триесетина години и дека никогаш нема да успее во Холивуд како мексиканска актерка.
„Ми рекоа дека мојата кариера во Холивуд ќе умре во средината на моите триесетти“, рече таа додека го промовираше својот нов филм, научна фантастика Bliss („Блаженство“).
„Како прво, тие велеа дека Мексиканка никогаш нема да успее затоа што, во тоа време беше невозможно некој од Мексико да има водечка улога во Холивуд“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кејт Мидлтон направи грешка со шминката, принцезата Шарлот ѝ помогна

Кејт Мидлтон присуствуваше на церемонијата по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна. Нејзиното семејство ѝ се придружи на настанот, а принцезата Шарлот ѝ помогна на мајка си да избегне прилично честа козметичка несреќа.
Шарлот се навали кон Кејт и со прстот го допре аголот од нејзините усни, што многумина претпоставија дека карминот на Кејт се размачкал. Војвотката од Кембриџ потоа ѝ се насмевна на својата ќерка во знак на благодарност.
Да потсетиме, по повод 10-тиот роденден на принцезата Шарлот, Кејт и Вилијам објавија нова фотографија од неа со пораката: „Среќен 10-ти роденден, принцезо Шарлот“.
Забава
(Видео) Мајли Сајрус објави емотивно црно-бело видео, плаче додека ги пее стиховите

Мајли Сајрус објави емотивна песна и видео од нејзиниот албум „Something Beautiful“.
Денес, поп-ѕвездата го објави синглот „More to Lose“, втората песна од нејзиниот претстоен албум, кој треба да излезе на 30 мај.
„Во песна како „More to Lose“, се обидувам да отпеам сè од првиот обид. Toa е навистина приказна и не сакам ништо да ја прекинува, да ја преиспитува или да брка совршенство“, рече Сајрус во разговор за песната.
Забава
(Видео) Тони Цетински им ја посвети новата песна на децата на разведени родители: „Тие страдаат“

Тони Цетински објави нова песна. Се вика „Пиши пропало“. Композитор на песната е Анте Пекотиќ.
„Морам да признаам дека имав тешка задача во оваа нова песна, бидејќи не само што Анте напиша нешто многу искрено, интимно и силно, а таквите работи воопшто не се лесни за изразување во песна, туку и јас самиот поминав низ истото што Анте го подвлече во зборовите на авторот во оваа песна. Многу ми е чест и му благодарам многу за довербата, бидејќи не секој може да напише нешто вакво и да го изрази пред луѓе“, рече Цетински.
Тој ја посвети песната на децата на разведени родители.
„Многу луѓе, некаде таму, можат да се идентификуваат со она што го претставува ‘Пиши пропало’, па затоа се согласивме да им ја посветиме оваа песна ним, како и на сите деца на разведени родители. Да, за жал, денес има многу разводи меѓу родителите и го сметам тоа за пораз за двете страни, каде што децата многу често страдаат. Би сакале да не биде така и љубовта кон децата секогаш да биде на прво место“, додава тој.