Забава
Британските музичари го зголемуваат притисокот за турнеи во земји на ЕУ
Музичките sвезди од Велика Бритнија, вклучувајќи ги сер Елтон Џон и „Рејдиохед“, вршат притисок врз владата да ги реши проблемите околу турнеите во земјите членки на Европската Унија по брегзит.
Уметниците од Велика Британија ќе се соочат со бирократија и давачки за визи за да одржат концерт или турнеја во некои земји на ЕУ.
Сер Елтон Џон изјави за „Гардијан“: „Или преговарачите за брегзит не се грижеа за музичарите, или не размислуваа за нив, или не беа… подготвени“.
Но, министерката за култура Керолајн Диненејџ рече дека владата „се залагала за решение и дека вратата е сè уште отворена“.
Таа им рече на пратениците во понеделникот дека владата претстави „многу јасен план“ за да им се дозволи на музичарите да патуваат без работни дозволи, изготвен „во консултација со експерти од Велика Британија и од креативните сектори“. Таа додаде: „Едноставно, ЕУ го одби овој предлог“.
Брисел претходно го тврдеше спротивното, велејќи дека всушност Велика Британија е таа што ја одбила неговата понуда, пишува Би-би-си.
Во меѓувреме, Колин Гринвуд од „Рејдиохед“ рече дека владата не сторила доволно за креативните индустрии во преговорите.

„Како Хамбург што беше за Битлси, и Европа беше клучна за нашиот раст како бенд“, напиша басистот во „Гардијан“.
„Ни овозможи да се видиме себеси одврзани од нашите корени во Велика Британија и да замислиме живот во музика што може да допре до публика насекаде. Создадовме трајни пријателства, гостувавме со музичари од Европа и нурнавме длабоко во нејзините клубови, фестивали, продавници за плочи и музички куќи.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Mисица падна на сцената на „Мис Универзум“, па кажа дека било дел од настапот
На изборот за Мис Универзум 2025 во Тајланд, претставничката на Велика Британија, 37-годишната Даниел Латимер, предизвика големо внимание кога падна на сцената за време на претставувањето на националните костими. Снимката веднаш се прошири на социјалните мрежи, а публиката и жирито беа шокирани – сè додека не се откри дека падот бил дел од настапот.
Латимер се појави во костим инспириран од ликот Елајза Дулитл од филмот „My Fair Lady“, делеше цвеќе, а потоа намерно се сопна и падна. По неколку секунди стана сама, го соблече капутот и ја откри раскошната балска тоалета, што предизвика силен аплауз. Подоцна објасни дека падот симболизира трансформација, како на Елајза, така и нејзината лична.
View this post on Instagram
На Инстаграм пошегува се дека „веројатно ќе заврши во Daily Mail поради падот“, и откри дека при настапот си скршила нокт – единствен дел што не бил планиран.
Латимер вели дека приказната за Елајза ја гледа како своја: израсната во сиромашниот Ист Енд во Лондон, сама си го изградила патот до светската сцена.
Настапот стана еден од најкоментираните на годинашниот избор, додека преднатпреварите влегуваат во финална фаза. Финалето на Мис Универзум 2025 ќе се одржи на 21 ноември во Бангкок.
Забава
Сопругата на словенечкиот премиер е мисица и активистка, со својот стил повторно го привлече вниманието, гласајќи на референдумот
Сопругата на словенечкиот премиер Роберт Голоб, поранешната мисица Тина Габер, го привлече вниманието кога двајцата денес заедно гласаа на референдумот за асистирано самоубиство. Габер се појави во едноставна црна комбинација со елегантен светлобеж капут.
Голоб и Габер се венчаа на 6 септември 2025 година, на интимна церемонија во Струњан, со присуство на блиски пријатели и семејство. Врската ја потврдија во 2023 година и оттогаш повремено се појавуваат заедно на настани, иако приватноста ја чуваат внимателно.
Тина Габер е позната од 2008 година кога ја освои титулата Miss Hawaiian Tropic Slovenia. Студирала социологија, а подоцна станала водителка, инфлуенсерка и активистка за правата на животните и заштита на животната средина. Изградила имиџ што ги спојува модата, ангажираноста и здравиот стил на живот.
Прочитај и: Сопругата на словенечкиот премиер за свадбата: „На гостите им ги одзедовме мобилните телефони“
Забава
(Видео) Ставил камера во машината за миење садови – реакциите: „Чао, пријатно, од сега ќе перам на рака“
Кратко јутуб видео предизвика лавина реакции кога стана јасно што точно се случува во машината за садови додека работи. Каналот @povsadventures одлучи да го сними целиот процес одвнатре и да ја открие тајната на циклусот на миење.
Авторот поставил светло и камера внатре, ја наполнал машината со садови, додал капсула, ја затворил и го снимил целиот циклус. „Како и многумина, и јас се прашував што точно се случува внатре“, објасни тој.
Сè изгледало нормално – додека не се појавила жолто-кафена вода.
На почетокот, видеото покажува како млазовите вода прскаат низ машината и садовите постепено се чистат. Но, вниманието на гледачите го привлече бојата на водата – течноста станала кафено-жолта, што предизвика шок и многу прашања.
Во коментарите се појавиле различни теории:
– дека бојата доаѓа од капсулата за миење,
– дека причината може да биде железо или манган во водата,
– или дека машината е неиспавна и не ја исфрла водата како што треба.
Интернет реакциите беа бујни и духовити. Некои корисници се пошегуваа:
„Брат му ја поврзал машината со септичката јама.“
„Фала што ми покажа зошто е најдобро да се мие на рака.“
Други беа искрено загрижени:
„По ова, не сум сигурен дали садовите навистина се чисти.“
„Добро е што не сум единствениот шокиран од кафената вода.“
Се јави и лице кое тврди дека работело како инсталатор на вакви апарати:
„Пред машината да се вклучи, се гледа како стои кафена вода на дното – тоа не е нормално. Или ова е направено за реакции, или машината е расипана и не ја исфрла водата.“

