Свет
Кина втор ден без локален пренос на Ковид-19

Во Кина се потврдени 14 нови случаи на Ковид-19, но сите се увезени, покажуваат официјалните податоци.
Веќе втор ден во Кина Кина не е потврден ниеден локално пренесен случај на коронавирус, наведува „Ројтерс“.
Бројот на нови асимптоматски случаи, кои Кина не ги смета за потврдени, е 15.
Од почетокот на пандемијата во Кина се потврдени вкупно вкупно 89.720 случаи на Ковид-19, а вкупно починале 4.636 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црногорските инспектори напишале две илјади казни вредни 1,2 милиони евра во текот на туристичката сезона

За време на летната сезона, туристичките инспектори во Црна Гора извршиле над 2.000 инспекциски надзори во приморските градови, при што биле откриени повеќе од 1.500 неправилности, соопшти Министерството за туризам.
Најмногу контроли биле спроведени во Улцињ, Бар, Будва, Котор, Тиват и Херцег Нови, каде што биле ангажирани 24 инспектори. Како резултат на надзорите, изречени се речиси 2.000 прекршочни налози во вкупна вредност над 1,2 милиони евра, а за неколку објекти е донесена и мерка забрана за работа, вклучително и привремено затворање со службен печат.
Според Министерството, најчестите прекршувања се однесувале на неисполнување на минимални технички услови во угостителски објекти, неиздавање фискални сметки, неправилности кај туристички агенции и капалишта, како и рекламирање спротивно на законската регулатива. Забележани се и прекршувања поврзани со користење тутунски производи во затворени простории, иако тоа е забрането со закон.
Од ресорното министерство истакнуваат дека овие активности се дел од напорите за подигнување на квалитетот на туристичките услуги и заштита на правата на туристите.
„Инспекцискиот надзор ќе продолжи, со цел да се обезбеди безбеден, уреден и пријатен престој за сите посетители на Црна Гора“, стои во соопштението.
Свет
Русија ја нападна Украина со дронови и ракети, загинаа три лица

Русија изврши голем напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта, при што загинаа три лица, беа повредени десетици други и беше оштетена инфраструктура и станбени згради, изјави во саботата претседателот Володимир Зеленски.
И покрај дипломатските напори да се најдат начини за завршување на војната што започна кога Русија изврши инвазија во февруари 2022 година, борбите се интензивираа во последните месеци.
Во соопштението на апликацијата Телеграм, Зеленски рече дека Русија лансирала околу 580 дронови и 40 ракети насочени кон инфраструктура, цивилни производствени компании и станбени области во различни делови од земјата.
„Цела ноќ, Украина беше под масовен напад од Русија. Секој таков напад не е воена неопходност, туку намерна стратегија на Русија за тероризирање на цивилите и уништување на нашата инфраструктура“, рече Зеленски.
Русија негира дека ги таргетирала украинските цивили.
Во централниот град Днепар, ракета со касетна муниција погоди станбена зграда, рече Зеленски.
Едно лице загина, а најмалку 26 лица се повредени во Днепар, соопштија регионалните власти.
Две лица беа убиени и во Черниговската област на север и во Хмелницкиската област на запад од земјата, соопштија регионалните власти.
Украина одговара со свои напади со беспилотни летала, со цел да навлезе подлабоко во руска територија, погодувајќи рафинерии, складишта за гориво и логистички центри.
Полски и сојузнички авиони беа распоредени рано во саботата за да се обезбеди безбедноста на полскиот воздушен простор откако некои од руските воздушни напади ја погодија западна Украина во близина на границата со Полска, членка на НАТО, соопшти полската воена команда.
Европа
(Фото) Естонија ја откри патеката на летот на руските авиони вклучени во упадот

Министерството за одбрана на Естонија ја објави патеката на летот на трите руски воени авиони кои го нарушиле естонскиот воздушен простор.
Во соопштението се наведува дека италијански борбени авиони на НАТО ги придружувале руските летала при напуштање на територијата.
„Нарушувањето“ се случило над Финскиот Залив, северно од главниот град Талин, соопшти министерството.
Објаснуваат дека руските авиони од типот МиГ-31 летале „паралелно со државната граница, од исток кон запад“.
Се додава дека тие навлегле помалку од 10 километри во естонскиот воздушен простор.