Македонија
Османи во посета на Луксембург и Белгија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре, 10 февруари, во Луксембург ќе се сретне со својот колега, министерот за надворешни и европски работи и министер за имиграција и азил на Луксембург, Јан Аселборн, претседателот на Собранието, Фернанд Етген, претседателот на Комисијата за надворешни работи во Собранието на Луксембург, Кручтен Ивес.
Утредента Османи од Луксембург продолжува во работна посета на Кралството Белгија, каде што домаќин му е заменик-премиерот и министер за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија и за федерални културни институции, Софи Вилмес. Османи во рамките на посетата на Белгија ќе оствари и средба со претседателот на белгискиот парламент, Елијан Тилие, и претседателот на белгискиот Сенат, Стефан Д’Хос.
„Покрај билатералните односи со земјите на Бенелукс, акцент на разговорите ќе биде ставен на европското досие на земјата, со фокус кон можностите и поддршката за реализација на одлуката на Советот за ЕУ за почеток на преговорите. На средбите се очекува да се разменат информации и за актуелните состојби поврзани со пандемијата и соработката на тој план во функција на побрзо надминување на оваа глобална здравствена криза“, соопшти МНР.
Во рамките на работните посети на Луксембург и Белгија министерот Османи ќе оствари и средби со високи претставници на Европската Унија и на НАТО, меѓу кои и средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и средба со комесарот за буџет, поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

