Македонија
Во Македонија 476 нови случаи на коронавирус, починаа девет лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 476 нови случаи на коронавирус, 407 оздравеа, а девет лица починаа, соопшти Министерството за здравство.
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.863 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 221, Прилеп и Кавадарци – по 31, Охрид – 24, Велес – 23, Куманово – 20, Тетово – 12, Битола – 11, Делчево – 9, Струмица, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 8, Крива Паланка – 7, Гостивар и Кичево – по 6, Штип, Струга, Пробиштип и Крушево – по 5, Радовиш, Берово, Виница, Валандово, Демир Хисар и Кратово – по 2, Македонски Брод, Дебар и Дојран – по еден.
Регистрирани се 407 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 176, Охрид – 36, Тетово – 29, Куманово – 22, Струга – 19, Велес – 18, Гостивар – 15, Кичево – 12, Струмица – 11, Дебар – 10, Битола и Кавадарци – по 7, Штип и Гевгелија – по 6, Берово – 5, Кратово – 4, Кочани, Свети Николе, Ресен и Пробиштип – по 3, Прилеп, Неготино, Крива Паланка и Виница – по 2, Радовиш, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно девет починати лица. Починати се четворица пациенти – од Скопје (53, 67, 68, 74) и по еден смртен случај од Прилеп (68), Велес (75), Охрид (72), Струмица (81), Кочани (63).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени 474.280 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, бројката на оздравени пациенти е 85.846, на починати е 2.955, а бројот на активни случаи изнесува 6.546.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Околу половина час се чека на Богородица и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица 20-30 минути, на Табановце 20-30 минути, на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Мицкоски е виновен што на Македонија повторно и се оспорува идентитетот и јазикот, вели Филипче

Доколку македонскиот јазик биде тргнат од Извештајот на ЕУ виновен ќе биде само Христијан Мицкоски кој ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент за прашање кое беше затворено. Вчера вечер Венко Филипче од граѓанската трибина „Мугра на слободата“ обвини дека за една година ВМРО-ДПМНЕ сите победи на СДСМ ги претвори во пораз.
„Последниот пораз најмногу боли. Очигледно македонскиот јазик ќе биде тргнат од извештајот на ЕУ. Заради теснополитички интереси тој одново Мицкоски ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент, прашање кое беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен Македонски јазик на Македонскиот народ. Мицкоски не може да го впери прстот кон никого за поразот кој Македонија одново го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани се виновни за оваа состојба“, рече Филипче.
Притоа тој потсети дека СДСМ е таа која ја извојува победата во Брисел со потпишување на договорот за ФРОНТЕКС на чист, единствен и признаен македонски јазик без никакви придавки, фусноти и ѕвездички.
„Тоа беше јасна победа за Македонија и граѓаните која Мицкоски никогаш не ја призна во опозиција. Тој беше разочаран заради тоа, молчеше и не се радуваше, сега е јасно зошто. Во услови кога нема со ништо што да се пофали за една година власт, Мицкоски реши победата да ја претвори во пораз поради негови лични интереси и поради потреба за политичка кампања. За жал, ваквото врховистичко однесување на Мицкоски, потпомогнат од Андреј Ковачев и пратениците на ЕПП во Европскиот Парламент сега е анулирана, а Македонија а на Македонија повторно и се оспорува идентитетот и јазикот“, заклучи Филипче.