Македонија
„Екосвест“: Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести поради загадувањето

Според Светската банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно, a децата се најчувствителната група затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото, велат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Екосвест“ од Скопје.
„Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести, кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена. Градовите во земјата, како Скопје, Тетово и другите, котираат високо на листата на најзагадени градови во регионот, па и во Европа. Високите концентрации на ПМ 10-честичките достигнуваат и до повеќе од десет пати од дозволеното“, потенцираат од „Екосвест“.
Од таму велат дека честичките ПМ 10 и ПМ 2,5 се меѓу најопасните загадувачи, кои во голема мера влијаат врз здравјето на луѓето поради нивната способност да навлезат длабоко во белите дробови и крвта предизвикувајќи трајни ДНК-мутации, срцеви напади, болести на дишните патишта и прерана смрт. Овие загадувачи се формираат кога согоруваат одредени материи, како горењето на дрвото во камините или горењето јаглен во термоцентралите.
Околу 80 % од енергијата во светот доаѓа од фосилните горива. Според Светската здравствена организација, проблем број еден претставува нивното согорување. Честичките што се испуштаат го загадуваат воздухот и се примарен причинител за климатските промени, затоа тие потенцираат нивната употреба да се намали или да се отстрани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.