Македонија
(Видео) Талески: Со кој образ Милошоски зборува во Собранието кога во Германија бил казнет за кражба и фалсификување?
Пратеникот на СДСМ Миле Талески на прес-конференција презентираше листа од казнена евиденција за Антонијо Милошоски во Германија.
„Јасно стои дека Милошоски бил осуден и казнет во Германија за сторени кривични дела кражба и фалсификување исправи. Милошоски мора да понесе морална одговорност за скандалот, потврден од јавно достапни документи, да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка“, рече Талески.
Тој воедно праша со кое лице Милошоски зборува како пратеник во Собранието кога одговарал за дела како кражба и фалсификување.
„Тоа се политиките на Христијан Мицкоски, лага до лага, блокада по блокада, затоа стои во негова одбрана, во одбрана на главниот дезинформатор овде во Собранието. По сите скандали, по сите лажни вести и дезинформации, по сите пресуди во Германија и тековни обвиненија пред домашните судови, Милошоски треба да си даде оставка“, порача пратеникот од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

