Забава
Би-би-си: Дали документарецот за Бритни Спирс ќе биде момент на пресметка за селебрити-медиумите?

„Сите зборуваат за мене секакви работи. Зошто едноставно не ме остават да живеам? “
Така пееше Бритни Спирс на нејзиниот сингл My Prerogative во 2004 година.
Повеќе од 15 години потоа, во неделата кога почна да се емитува новиот документарен филм Framing Britney Spears, овие зборови повторно одекнуваат, пишува британски Би-би-си.
Филмот на „Њујорк тајмс“ го насочува центарот на вниманието кон тоа како ја третираа новинарите пред нејзиниот јавен пад во 2007 година и тековниот спор околу трајното старателство – документ кој значи дека таа не контролира многу аспекти од нејзиниот сопствен живот и кариера.
Документарецот доведе до обновување на критиките за нејзиниот третман во балонот на културата на славните во 2000-тите и предизвика еден вид трагање по душата во медиумите.
„Сите сме виновни за она што ѝ се случи на Бритни Спирс“, гласеше извинувањето од магазинот „Гламур“ до поп-sвездата на Инстаграм во вторникот, како што пренесува британскиот јавен сервис.
Блогерот Перез Хилтон на сличен начин рече дека „му е многу жал за тоа како се однесувал“.
Говорејќи на поткаст неделава рече: „Моите зборови и постапки беа погрешни. Бев гаден, злобен, суров, бесмислен, ужасен. Ѝ се извинив на Бритни не само јавно, туку и приватно”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Бред Пит и Бредли Купер на двоен состанок во Њујорк

Џиџи Хадид и Бредли Купер беа видени како уживаат во вечерно излегување со Бред Пит и неговата партнерка Инес де Рамон. Четворката беше фотографирана како го напушта ресторанот „Коут Корејн Стекхаус“ во Њујорк.
Ова излегување се случи кратко откако Хадид и Купер официјално ја потврдија својата врска. Двајцата за прв пат беа видени заедно во Њујорк во 2023 година, додека Пит и де Рамон за прв пат беа видени заедно во 2022 година на концертот на Боно во Лос Анџелес.
Купер и Пит се пријатели со години. Уште во 2020 година, Пит јавно му се заблагодари на Купер што му помогнал да се откаже од пиењето, а познато е дека самиот Купер се борел со зависност до 29-годишна возраст. „Се отрезнив благодарение на овој човек и оттогаш сум подобар секој ден“, рече претходно Пит за Купер.
Пит повторно го пофали Купер на церемонијата на доделување награди на Филмскиот фестивал во Санта Барбара во 2024 година. Покрај нивното блиско пријателство, тие делат и страст за трки – Купер е виден на бројни трки од Формула 1, додека Пит игра возач на Формула 1 во претстојниот филм.
Забава
Тие создаваат стил и немаат конкуренција: трите најдобро облечени хороскопски знаци

Некои луѓе едноставно имаат вродена способност да комбинираат бои, кроеви и додатоци за секогаш да изгледаат дотерано – без оглед на пригодата.
Нивниот стил не мора да ги следи модните диктати бидејќи тие самите го создаваат. Ѕвездите откриваат дека одредени хороскопски знаци се особено добри во облекувањето и естетскиот изглед.
Без разлика на сезоната или пригодата, тие знаат како да остават впечаток.
Вага
Луѓето родени под овој знак се познати по својот беспрекорен вкус и чувство за естетика. Тие ја сакаат модата и деталите, а ретко се гледаат неуредни.
Тие знаат како да се облекуваат за пригодата и секогаш изгледаат хармонично и елегантно. Сè во нивните комбинации изгледа добро осмислено – дури и кога е лежерно. Вагите ја гледаат облеката како продолжение на личниот израз и уметност.
Лав
Харизматични и самоуверени, Лавовите сакаат да остават впечаток – а нивната облека често служи како средство за изразување. Тие сакаат луксузни детали, светли бои и трендовски парчиња што привлекуваат внимание.
Нивниот стил е смел, препознатлив и секогаш во центарот на вниманието. Тие не се плашат да експериментираат бидејќи веруваат дека сè им стои добро. Луѓето родени под овој знак често ги поставуваат модните стандарди во нивната околина.
Бик
Луѓето родени под овој знак имаат класичен, префинет стил кој ги комбинира удобноста и естетиката. Тие знаат да препознаат квалитетни парчиња и секогаш изгледаат негувани, без да претеруваат. Тие сакаат природни материјали, меки тонови и облека што ја нагласува нивната сензуалност.
Нивниот стил зрачи со самодоверба, но и допир на луксуз кој не е претеран. Биковите веруваат дека добриот вкус се гледа во деталите и никогаш не ги забораваат.
Забава
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте ја оваа зелена напивка

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.
Состојки:
– 1 лимон
– 60 г магдонос
– 60 мл вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.
Ќе забележите резултати по само еден месец.