Македонија
Oпштина Центар издвојува 2 милиони денари од буџетот за „Лајка“

Општина Центар ќе обезбеди 2 милиони денари од буџетот, за потребите на новоотворениот објект ЈП „Лајка“, за згрижување и благосостојба на животните скитници во Скопје.
Советот на Општина Центар усвои одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за заловување кучиња на подрачјето на Скопје.
„Со градот Скопје имаме одлична соработка и заеднички имаме реализирано многубројни проекти кои се во интерес за нашите граѓани и подобрување на нивниот начин на живот во Центар. Токму заради тоа, јас како градоначалник и советниците на Општина Центар сметаме дека ние како локална самоуправа треба да дадеме поддршка на градот за новоотворениот стационар „Лајка“ и преку заеднички заложби да се стремиме кон намалување и контрола на популацијата на бездомни кучиња на јавните површини, нивно згрижување и секако безбедност за нашите граѓани“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.
Пред неколку години на територијата на Општина Центар, Кралската организација за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA) и регионалниот центар за благосостојба на животните со седиште во Загреб (RAWC) спроведе обука за обучувачи за воспоставување систем за контрола на популација на кучиња и понатамошно нивно згрижување. Приоритет и главна заложба е безбедноста на граѓаните, но и безбедноста и благосостојбата на бездомните кучиња кои се одомаќиниле на територија на општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улца ХО ШИ МИН, во населба Бутел, општина Бутел;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Студеничанска, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, попладне до 30 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.